Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Земјоделски задруги за спас на земјоделството – предлагаат дел од земјоделците

Само формирање на земјоделски задруги, може да ги спаси земјоделците од целосен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само формирање на земјоделски задруги, може да ги спаси земјоделците од целосен колапс, порача денеска од Свети Николе, претседателот на Мрежата на земјоделски задруги. Здружувајќи се заедно ,  фармерите полесно ќе ги пребродат инфлаторните шокови, пазарните нарушувања од геостратешка природа, но и климатските промени кои им се закануваат. .

  „Земјоделието, посебно во Македонија е доведено во колапс. Во овој момент земјоделието решава прашање од егзистенционален карактер. Едноставно фармерите, не можат да ги покријат основните трошоци  или да овозможат проста репродукцијаизјави Ѓорги Арнаудов, претседател на Мрежата на земјоделци.

Нашата држава воопшто не ги следи европските трендови. Ако таму еден земјоделец е член на најмалку три задруги, кај нас  од седумдесетина регистрирани, едвај функционираат педесетина задруги. Позитивен пример се задругите од штипското село Црешка и од Преспанскиот регион. Вмрежени заедно, успеваат полесно да ги пласират своите производи.

Реклама

  „Ако се здружат земјоделците во задруга имат поголема шанса за напредок. Јаболкото само да се произведува и продава е по ниска цена,но ако се здружат и  изработуват краен производ, тогаш може да биде за сите многу подобро и да има поголем приход„ изјави Рахела Трнталовска  од земјоделска задруга од Преспанскиот регион.

  Во екот на сезоната или во медоберот, тогаш еден пчелар не може да работи  сам. Тогаш сес здружуваме во задругата за да можеме меѓусебе да си помагаме. Има одредени луѓе на кои повеќе им оди траговија. Па така сите заедно успеваме да го продадеме целиот мед и да не ни остане мед за наредната година изјави Митко Николов од земјоделска задруга во село Црешка, Штип

На денот за подигање на свеста на земјоделците во здружување во задруги, од Мрежата до новиот министер упатија апел за нови законски решенија, како и поголема финансиска поддршка, бидејќи досегашната не била редовна и опфаќала мал број на задруги.

Александра Ристевска