Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Ќе има реформи: Распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители за враќање на довербата во судството

Распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, за враќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, за враќање на довербата во правосудството. И пратеникот Љупчо Пренџов е на ставот дека потребна е сериозна реформа за подобрување на условите во овој сегмент. Вели ова не би претставувало мешање на власта во судството, туку само јасно ставање на критериуми кои можат да бидат членови, а кои не.

-Ако се распушти Судскиот совет и Совет на јавни обвинители, тогаш ќе има прво други критериуми, за тоа кој се може да биде таму и да ја оценува работата на судиите. Второ ќе си ги бираат судиите на начин утврден преку критериуми тие луѓе што ќе ги контролираат. Трето секој еден граѓанин кој што поднел претставка пред Судскиот совет за нешто што смета дека е обесправен или за погрешно донесена одлука, Судскиот совет ќе биде должен тоа да го објави јавно на граѓанинот, изјави Пренџов.

Оваа реформа во правосудството е предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ. Евроамбасадрот Дејвид Гир, не сакаше да го коментира ставот на премиерот Христијан Мицкоски дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи на земјава. Во врска со планот за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, рече дека Европската Унија е подготвена да соработува со Македонија за враќање на довербата во судството.

Реклама

-Мислам дека премиерот отвори многу важни прашања, мислам дека може да се согласиме со потребата за реформи во владеењето на правото и ова е клучно за европскиот пат на државата. Секако ние ќе бидеме вклучени со премиерот и со Владата за да разговараме за најдобрите начини како да се продолжи напред и со другите делови од системот. Се надеваме на континуиран и конструктивен однос, ја делиме истата цел, а тоа да ја внесеме државата во Европската Унија што побрзо, изјави Гир.

Ниту амбасадорката на Германија Петра Дрекслер не сакаше директно да ја коментира изјавата на Христијан Мицкоски. Само порача дека дијалогот со новата Влада продолжува, а мора да продолжат и реформите.

-Ќе го продолжиме дијалогот со новата Влада и уверена сум дека тоа ќе биде ценето од сите страни, имаме многу силна соработка за прашањата за владеењето на правото кои се дел од пристапниот процес на Европската Унија и за фундаментите кои, како што знаете се многу важни и се радуваме на продолжување на тој дијалог, изјави Дрекслер.

Мицкоски вчера кажа дека во изјавите на амбасадорите гледа практика на мешање во внатрешните работи на државата и непочитување на фактот што за оваа Влада гласале 600 илјади граѓани. Премиерот уверува дека доколку му предложат подобро решение ќе го прифати, но дека вака као што е веќе нема да може, затоа што не се казнуваат криминалците и корумпираните.

Матеја Петровски