Реклама
Прилози

Мицкоски во Гевгелија: Нов булевар кон ГП „Богородица“ и почеток на реконструкција на спортска сала

Подобрување на патната инфраструктура, олеснување на протокот на сообраќај , засилување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување на патната инфраструктура, олеснување на протокот на сообраќај , засилување на економската активност се дел од придобивките од Булеварот булеварот со кој Гевгелија се поврзува со автопатот кон Граничниот премин Богородица, а денеска официјално беше пуштен во употреба. Ова инфраструктурно решение кое покрај што ќе го олесни транзитот на гевгеличани, ќе придонесе и за отворање пат кон потенцијални инвеститори. Автопатското решение  е реализирано во две фази во 2023 и 2024 година со вкупна вредност од 19 милиони евра од Буџетот на Општина Гевгелија.

Новиот булевар е реализиран во две фази лани и оваа година со вкупна вредност од 19 милиони денари од општинскиот буџет. Гевгеличани добиваат нова сообраќајкна врска до ГП „Богородица“, но истовремено овој патен правец е од големо значење за транзитните туристи кои минуваат тука, а ќе се привлечат и нови потенцијални инвеститори, рече Сарамандов.

Покрај автопатското решение, Гевгелија ќе добие и  реконструирана спортска сала, што е од огромна важност за жителите кои со децении чекаат да биде реконструиран овој значаен објект за нив . Проектот е во вредност од над 16 милиони денари

Реклама

Општините ќе можат допрва дополнително да работат на инфраструктурни и капитални проекти откако ќе ја добијат финансиската инекција од вкупно 250 милиони евра .Премиерот очекува наскоро после ребалансот, во август да стартува  реализацијата на  проектот .

После толку години истиот почнува да се реконструира и навистина и оваа капитална инвестиција ќе додаде вредност во животите на гевгеличани. Но, не само тоа очекувам во август да почне и реализацијата на оној проект за кој што цело време зборуваме, а тоа е реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции. За овие последни четири месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани, рече премиерот.

Премиерот од Гевгелија најави динамично инвестициско лето. Мицкоски најавува дека ќе има нови инвестиции, но и проширување на постоечките  . Се очекува инвестицискиот бран да донесе стотици милиони евра годинава и над 1000 нови вработувања.