Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Фестивалот „Браќа Манаки“ трошел народни пари без покритие

Нарачана хајка од Милчо Манчевски во режија на екс министерката Бисера Костадиновска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нарачана хајка од Милчо Манчевски во режија на екс министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска. Ова е ставот на актерот и директор на „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски, за ревизијата која покажува низа пропусти во финансиското работење на филмскиот фестивал. Сепак, тој не понуди никакви докази за да ги поткрепи ваквите тврдења ниту да ги демантира наодите во документите кои покажуваат дека фестивалот две години не доставил финансиски извештаи како ги трошеле народните пари, додека пак оној пат кога имале извештај, парите ги трошеле ненaменски.

  • „Да читам 41на страна на извештај кој што е нарачан од министерката за култура во нејзините битки против одредени членови на друштвото на филмски работници. Она што не е вистина е дека Манаки нема поднесено извештаи. Манаки ги има поднесено сите извештаи. Уредно и редовно во Агенцијата за филм. Јас лично ги потпишувам.“ –  Изјави директорот на фестивалот „Браќа Манаки“, Симеон Дамевски.

Тој тврди и дека проблемот во Агенцијата за филм е што тие немаат доволно луѓе кои можат навремено да ги прегледаат извештаите кои пристигаат до нив. Смета дека тоа што Друштвото на филмски работници го избрале за уште еден мандат како директор на фестивалот, кажува оти извештаите за неговото финансиско работење се чисти.

  • „Јас не можам да ви кажам дали е вистина. Јас можам да ви кажам дека е нарачан и дека е правен по барање на министерката, за да може да помине филмот на Милчо Манчевски и да се скара со останатите членови на друштвото, кои Милчо Манчевски ги доживува како непријатели, а и министерката за да се пресмета со нив и да го протурка неговиот филм. Министерството за култура не е никаков релевантен орган да ги прегледува или да донесува правни или финансиски одлуки за институциите во земјава. Има министерства кои се бават со тоа, мене ако ме прашате.“ – Додаде Дамевски.

По прес конференцијата на која беше најавено 45-то издание на „Браќа Манаки“ кој ќе се одржи од 21 до 27 септември, директорот му порача на новинарот на ТВ Алфа дека ќе го стигне кармата зашто поставувал прашања за трошењето народни пари, а не за програмата на фестивалот.

Реклама

Сепак, документите до кои дојде ТВ Алфа повикувајќи се на законот за пристап до информации од јавен карактер, покажуваат нешто сосема спротивно. Во извештаите од надзорот на Министерството за култура врз Агенцијата за филм се констатирани безброј прекрушавања на законот, оштетување на државниот буџет, судир на интереси, непотизам и ред други пропусти. Во нив, повеќепати се споменува и ДФРМ, како и фестивалот „Браќа Манаки“

  • Агенцијата за филм незаконски во периодот од 2018 заклучно со 2023 година ја финансирала работата на ДФРМ, со што незаконски им доделила средства од 7.080.000,00 денари.
  • Агенцијата за филм незаконски доделила средства на ДФРМ за промоција на програмата Креативна Европа Медиа за 44 издание на Фестивалот „Браќа Манаки“ во вкупен износ од 193.595,00 денари“ – Стои во дел од надзорниот извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

И Друштвото на филмски работници кое го избира директорот на „Браќа Манаки“ се најде на тапет во ревизиите на Министерството за култура. Во извештајот има посветено цела глава насловена „За незаконското финансирање на Друштвото на филмските работници на Македонија“ каде е наведено во рок од 5 години, тие инкасирале повеќе од 7 милиони денари, од кои за 3 милиони нема никакво оправдание.

Никола Цветкоски