Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Приватните превозниците од петок нема да возат, Арсовска не им плаќа од јануари

Нов предупредупредувачки аларм од приватните превозници до Градот Скопје: ако не им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов предупредупредувачки аларм од приватните превозници до Градот Скопје: ако не им се исплатат парите што им ги должат, веќе нема да возат. До петок ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.

„Нашиот долг е огромен, немаме земено пари, дел од јануари. Значи имаме земено една третина за јануари и до ден денешен, последниве три недели цели, немаме земено ниту еден денар. Сумите се од 110 милиони доспеани пари, а имаме плус уште еден месец што не ни е фактуриран за јуни“, рече Оливер Петрушевски, приватен превозник на линија 45, 23 и 63.

Приватниците алармираат дека се наоѓаат во многу тешка финаниска состојба бидејќи Градот со месеци не им исплаќа пари. Од јануари годинава, имаат земено само дел од средствата. Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.  

Реклама

„Јас можам да ви кажам за директорот за кој што бев. Лично бев кај директорот на состанок и директорот ми вети дека ќе пушта тековно пари, најмалце ќе пушта пари во текот на неделата и поголемата сума ќе ни ја даде за кратко време и ќе не израмни до септември, се ќе ни биде на нула“, рече Петрушевски.

Дел од нив велат дека веќе имаат огромни долгови на бензиските пумпи, а дел од нив се соочуваат и со тужби. Велат дека имаат пари за да возат само за уште ден два.

Градоначалничката Данела Арсовска тврди дека приватните превозници не возат редуцирано туку редовно. Смета дека е дезинформација од непознат извор тоа дека Градот им должи пари.

„Јас колку што знам такви долгови нема. 140 милиони денари се премногу пари. Тие информации треба да се проверат со ЈСП. Градот Скопје нема никаков финансиски односи со приватните превозници“, вели градоначалничката Данела Арсовска.

Скопјани речиси две години се жалат од јавниот превоз, бидејќи автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници. Приватните превозници штрајкуваа половина година, од декември 2022 та до мај лани, поради долг од еден и пол милион евра.

Љубиша Владимиров