Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

После свадба тапани: Што и да направи новата Влада за пописот во Албанија, тешко дека ќе ја поправи грешката на претходниците

Никој не може да го врати избришаното македонско малцинство во Албанија што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никој не може да го врати избришаното македонско малцинство во Албанија што последниот попис го елиминира, освен ако целосно не се поништат резултатите. Такво понишување тешко дека може да се очекува и покрај силните напори и рекации од новата македонска влада. Грешката на власта на СДСМ и ДУИ, кои не реагираа додека Бугарите работеа на терен доведе резултатите од пописот во Албанија да покажат дека има само 2200 Македонци наспроти 8000 Бугари. На последниот попис во 2011, селата, Гора, Пустец како и реонот  Мала Преспа, се декларираа како села со чисто македонско население коишто бројеа над 5000 жители. Незаинтересираноста за македонското малцинство на ДУИ и СДСМ ја разочара и Обединетата македонска дијаснопа. Претседателот Гордан Јорданов е изреволтиран бидејќи и покрај предупредувањата поранешната власт не направила буквално ништо. Тој вели дека поранешните владини функционери имале работни посети во Албанија и ветувале брда и долини, но на терен не е мрднато ни со мал прст.

Делење пари и бугарски пасоши, флаери со пропагандна бугарска содржина, училишта на бугарски јазик, Бугарија агресивно со години работеше на терен за што медиумите известуваа во периодот пред попишувањето, но ДУИ и СДСМ го игнорираа ова прашање.

Македонските здруженија и партии исто така и за време на пописот алармираа до македонските власти дека Бугарија директно се меша во внатрешните работи на Албанија и на терен работи да создаде бугарско малцинство коешто не постои. И покрај нивниот апел ниту еден функционер не реагираше.

Реклама

По бурните реакции на Македонците оттаму, министерот за надворешни Тимчо Муцунски го повика на рапорт македонскиот амбасадор во Тирана. Амбасадорот Данчо Марковски се очекува до крајот на неделава на министерот да му реферира што презел во врска со бугарското влијание во македонските села.