Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Последна клапа од „Утре наутро“, најновото дело на режисерот Јани Бојаџи

Македонската кинематографија во исчекување на ново филмско остварување од режисерот Јани Бојаџи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската кинематографија во исчекување на ново филмско остварување од режисерот Јани Бојаџи, а во продукција на Телевизија Алфа. Под насловот „Утре наутро“ се подготвува играна серија, но и филм, во кои се обработуваат современи општествени случувања во Македонија. Под палката на режисерот Бојаџи, синоќа се сними и последната клапа од неговото најново дело. Бојаџи вели дека ова покажува оти „Бистра вода“ не беше инцидент, туку вистинска намера за развој на домашната филмска, но и телевизиската индустрија, па новото филмско дело е само логичен следен чекор во таа насока.

  • „Станува збор за современа драмска серија, која се случува во поблиското минато. Станува збор за политичка, социјална, семејна драма, која зборува за настани кои се случувале во блиското минато и кои се уште се случуваат во Македонија и околу нас“ – Изјави режисерот Јани Бојаџи.

Преку седмата уметност, се раскажува за една од најголемите политички кризи со која беше соочена Македонија, како и нејзината кулминација во 2017та и општествените промени после тоа.

  • „Ние практично денес снимаме една сцена која се случила ноќта пред 27ми април 2017та година. Практично, дејствието кое сега се случува е вечерта, на 26ти април во поблиското минато на Македонија.“ – Изјави Бојаџи.

Продуцентот Дејан Милошевски вели дека за почеток била потребна многу храброст, бидејќи тие немаат голем буџет, за разлика од некои нивни колеги кои снимаат со финансиска поддршка од државата.

Реклама
  • „До пред две недели постоеше систем во кои ние не бевме филмски работници и нас ни беше на секој конкурс забрането. Ние бевме на црна листа. Јас, Јани и добар дел познати режисери. Во Македонија, освен 5 продукции, кои работат најмалку 10/15 години, снимаат играни филмови, останатото се е на црна листа.“ – Изјави продуцентот Дејан МИлошевски.

И покрај финансиските предизвици и селективноста на системот со кои се сочуваат, тие се силно мотивирани да творат и да создаваат. Елан има кај секој еден кој е вклучен во проектот. Актерот Гоце Андонов, кој игра една од клучните улоги, вели дека за него, снимањето на серијата ќе остане незаборавно искуство.

  • „Ова ми е второ поголемо искуство и прилично задоволен сум. Многу убав процес, мислам дека многу работи научив и искрено многу исполнет се осеќам. Еве денеска ни е последен снимачки ден засега и сите сме некако вузбудени. Искрено, имам многу надеж за крајниот резултат.“ – актерот Гоце Андонов.

Во главните улоги во серијата настапуваат Нина Дејан, Ирена Илиевска, Кети Дончевска Илиќ, Васил Зафирчев, Гоце Андонов, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Роберт Вељановски, Владо Јовановски, како и многу други актери во помали улоги, а за прв пат на филм дебитира младата, 17 годишна, Јана Никодиновска. Директор на фотографија е Дарио Секуловски, сценограф е Гоце Попов, костимограф Зорица Тодорова, монтажер Благоја Неделковски, а композитор е Игор Василев. Досега беа ангажирани и безмалку 1500 статисти, а се снимаше на десетици локации во Скопје и неговата околина. Таа е предвидена како играна серија со најмалку 6 епизоди од по еден час, во кои ќе се прикажат добрите, но и лошите страни на луѓето и идеите кои оставија белег на современото македонско општество.

Никола Цветкоски