Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Невремето направи пустош, телефонските линии на ЦУК пребукирани со повици, најкритично во Волково и Даме Груев

Затрупан возач од наноси песок на автопат, повреден турист во Охрид, паднати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затрупан возач од наноси песок на автопат, повреден турист во Охрид, паднати дрвја, поплавени куќи, подрумски простории и гаражи, проблеми во снабдувањето со електричната енергија, оштетени покриви, скршени стакла, откачени лимови и олуци од куќи и згради. Ваков пустош остави последното невреме. Рекордни безмалку 2800 пријавени случаи во Центарот за управување со кризи. 

„Имаше две спасувачки акции кој што завршија успешно, една е во охридско за спасување на повреден странски турист, кај хотелот „Десарет“ и едната е за заглавен камион на автопат, буквално гранки паднати и дрвја од силното невреме кои што направиле и бариера од наноси песок каде што заглавил камионот. Но, за среќа возачот иако заглавен, чекаше во камионот, a доцна синоќа го извлекоа камионот, после 22:00 часот“, рече Илија Бојаровски, портпарол на ЦУК.

Од ЦУК велат дека според прописите прво ќе се направи записник, а потоа следи проценка на штетата од надлежните институции, за да можат граѓаните да бидат обештетени.

Реклама

Имаше оштетени патнички моторни возила, паднати огради и блокирани улици. Од ЦУК велат дека најпогодени делови биле Скопскиот регион, кумановскиот, кривипаланечкиот, велешкиот, кавадаречкиот, а големо невреме го погоди и источниот дел на Пелагонија и Мариово.

Во Скопје најмногу пријави стигнале од Ѓорче Петров, Бутел, општина Шуто Оризари и Гази Баба. 

„Ѓорче Петров, Бутел, општина Шуто Оризари, Гази Баба. Тоа беа најпогодени, но секако вие знаете дека имаше и јадра од невремето, што беа појаки и проследени со град“, рече Бојаровски.

Во Карпош улиците станаа реки, водата наместо да тече низ атмосферска канализација, ги поплави улиците. Во населбата „Даме Груев“, невремето искрши гранки и откорна кабли за струја. Волково беше исто така едно од најпогодените места, а ветерот дувал и до 100 километри на час.

Жителите претрпеа големи штети… прокиснати тавани, откронати дрвја, искршени фотоволтаици, уништени покриви. Жителите велат дека ветерот дувал и над 100 километри на час.

До ЦУК бил пријавен и случај на падната карпа на булеварот „Никола Карев“ во три часот и триесет минути, по влезот на касарната Илинден во Скопје, а службите веднаш излегле на терен и ја отстраниле. За среќа немало повредени и жртви.

„Да но нема повредени, тоа е на улицата на влезот после касарната Илинден, во три часот и триесет минути, од центарот за управување со кризи веднаш беа известени. Прва на терен излезе сообраќјната полиција да го регулира сообраќјот да ја обезбеди карпата, а потоа службите кој што се надлежни за патиштата излегоа да го расчистат теретнот“, рече Бојаровски, портпарол на ЦУК

Од центарот за итни случаи велат дека нема информации за други повредени и смртни случаи.  Од УХМР и за денес најавија силни врнежи од дожд, град и молњи. За време на викендот се очекува да има смирување на метеоролошката состојба, а од понеделник повторно не очекува силен бран на невреме. 

Љубиша Владимиров