Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

СДСМ падна на само 20 ијлади заинтересирани- на што се должи големиот пад на социјалдемократите?

Членство избегано кај Максим Димитриевски, пасивизирани луѓе кои биле дел од СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членство избегано кај Максим Димитриевски, пасивизирани луѓе кои биле дел од СДСМ – ова е причината зошто новата опозиција, на внатрепартиските избори, има само нешто повеќе од 20 илјади гласачи. Во моментов во СДСМ ги нема ниту дел од оние кои беа со години најактивни членови, меѓу нив и Саша Богдановиќ, поранешниот градоначалник на Центар. Тој пред камерата на Алфа вели сето ова е очекувано после катастрофата што партијата ја доживеа на последните избори.

-Голем дел од симпатизерите, членовите ај да кажам на некој начин се пасивизираа, што се докажа и на самите избори. Второ, таа база на податоци е нереевидентирана, бидејќи добар дел од членството има преминато кај новото двиежење на Максим Димитриевски, ЗНАМ. Така да нема вкупен број на членови кои што гласаат. После лошиот резултат што го имаше СДСМ на изборите, дел од луѓето ај да кажам се имаат пасивизирано некако политички, изјави Богдановиќ.

Богдановиќ вели дека за ваквата состојба во партијата, вината најмногу е кај раководството. Истиснати биле оние кои најмногу работеле во времето кога СДСМ била опозиција.

Реклама

-После неколку години владеење, власт, односно преземање на општествени функции после политичките, дел од луѓето биле истиснати, односно тргнати. Тоа биле луѓе кои што во најтешките моменти, најклучните моменти биле присутни тука за партијата, без разлика на опозиција, без разлика на резултат. СДСМ имал последователно некои лоши резултати во минатото, пред да дојде на власт, но сепак тие луѓе биле тука. Кога тие луѓе ќе ги истиснете, ќе ги тргнете, едноставно го рушите системот кој што ве дигнал, кој што ве дигнал, кој што ве покренал, изјави Богдановиќ.

За новиот лидер вели дека ќе мора да ја обедини партијата доколку СДСМ сака повторно некако да се врати на старите патеки.

-Ако се продолжи со понатамошни делби и фракции, еден да влече на една, друг на друга страна, тешко дека нешто ќе може да се промени, изјави Богдановиќ.

Внатрепартиските избори во СДСМ за нов лидер се одржуваат овој викенд. Кандидати се Јован Деспотовски, Венко Филипче, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски, сите функционери во власта, која доживеа историски пораз на изборите.

Матеја Петровски