Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Николоски бара од Обвинителството да го испита работењето на државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура

Државниот обвинител да влезе во ЈП ЖРСМ Инфраструктура и во Државни патишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот обвинител да влезе во ЈП ЖРСМ Инфраструктура и во Државни патишта и да ги преиспита тендерите за пругата кон Бугарија и автопатот Прилеп Градско бара министерот за транспорт Александар Николоски откако Државниот завод за ревизија го објави извештајот за јавни инвестиции.

Според министерот, во моментов тече тендер за најскапата пруга на светот која треба да ја сруши Крива Паланка и да заврши во тунел без излез.  Вредноста на пругата кон Бугарија е зголемена за 220 милиони евра и сега изнесува 560 милиони евра наместо првично планираните 340.  Како што посочи Николоски тендерската постапка е почната во предизборието во крајно нетранспарентен процес.

Рокот за тенденрски понуди завршува денеска, но министерот Николоски вели дека засега не може да направи ништо за евентуално поништување. Ќе следи процес на евалуација заедно со претпријатието и меѓународните кредитори при што ќе се разговара за ревидирање на проектот.

Реклама

Министерот информира дека извештајот отвора и сомнеж за досегашното работење на претпријатието за државни патишта за патот Дреново-Градско, проект кој според него има ризици од арбитража, како и за зголемената вредност на автопатот Кичево-Охрид за 175 милиони евра, а за кој се потрошени 446 милиони евра. Патот не е завршен и по 10 години од стартот на изградбата.

За надминување на кардиналните крешки Николоски ќе разговара со меѓународните кредитори .

По промена во раководството на државни патишта, министерот за трансппорт ќе се заложи и за декласифицирање на Договорот со Бехтел и Енка за автопатските делници на коридорите 8 и 10.