Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

Мицкоски и „Алказар енерџи“ го најавија почетокот на најголемата инвестиција во парк на ветерници, ќе обезбедува струја за 100 илјади домаќинства

Инвестиција вредна 500 милиони долари влегува во Македонија. Со изградбата на најголемиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиција вредна 500 милиони долари влегува во Македонија. Со изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија и во регионот од 55 ветерници  ќе се отворат 630 работни места, а 100 илјади домаќинства ќе ја користат струјата. . Паркот ќе започне да се гради во втората половина од 2025 година, на територијата Штип, Карбинци  и Радовиш, а  производството од еден терават часови струја ќе задоволи околу 20 отсто од потребите на Македонија.

Според премиерот Мицкоски , ваквата инвестиција на старт на мандатот покажува дека како Влада се насочени кон проекти во интерес на граѓаните.

  • „Ваков почеток на мандатот, со ваква инвестиција, покажува дека како влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните. Со завршување на овој проект, дури 100.000 македонски домаќинства ќе може да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници. Морам да напоменам дека овој проект е значаен од многу аспекти. Со него ќе се зајакне значително енергетската независност. Нешто што е наша цел. Но исто така, ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат кон нови инвестиции.“ – Изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија да биде енергетски независна од електрична енергија е во фокусот на новата Влада. Мицкоски вели дека тоа е можно само со добар план, целта е од увозник да станеме извозник

Реклама
  • „Останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме. Од земја увозник, наша цел е да станеме земја извозник на електрична енергија. Реонот каде што треба да се гради паркот на ветерници е помеѓу трите општини, Карбинци, Радовиш и Штип, каде потенцијалот за ваков тип на инвестиција е голем. Оваа инвестиција не само што ќе додаде вредност на македонското БДП, туку значително ќе го подобри перформансот на локалната економија и економијата на целата држава.“ – Додаде Мицкоски.

Покрај вработувањата, поттикнувањето на локалната економија, Македонија со новиот ветерен парк ќе добие и поевтина електрична енергија. Од Алказар се оптимисти дека првата произведена струја ќе биде во 2027 година

  • „Создавање работни места. 630 во текот на изградбата и дополнителни 200 во текот на работата на електраната. Со почеток во 2026та година, во Европа се воведува данок на јаглерод, односно производите кои што содржат јаглерод, плаќаат данок. Така што, што повеќе користиме ветерна, сончева или хидро енергија, толку помалку данок плаќаат производите при нивниот влез во Европа“ – Изјави Даниел Калдерон, ко-основач и генерален директор на Alcazar Energy.

Покрај крупни инвестиции, Владата има и други проекти кои ќе помогнат во постигнување на енергетска независност. Министерката за енергетика Сања Божиновска најави програма за грантови и поволни кредити за 150 илјади домаќинства во еден мандат за сопствениците на приватните куќи и станови.

  • „Предвидуваме програма за грантови и поволни кредити, за 150.000 домаќинства во еден мандат, за сопствениците на приватните куќи и станови. Поддршката ќе се однесува на поставување нови енергетски ефикасни фасдади, прозорци и врати. Исто така и до 50% субвенција од цената за навбавка и инсталација на енергетска ефикасна опрема. Домаќинствата ќе имаат можност да го продаваат вишокот од произведената електрична енергија по подобри услови“ – Изјави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Инаку, „Алкараз енерџи“ е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој.

Никола Цветкоски