Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Милиони долари се одливаат за стипендии за најдобрите студенти, а Македонија нема ќар

Милиони долари се одливаат за стипендии за најдобрите студенти, а Македонија нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Милиони долари се одливаат за стипендии за најдобрите студенти, а Македонија нема ќар – потврдува последното истражување спроведено од Младинскиот образовен форум. Се инвестира во кадар кој наместо потоа да биде искористен, се дозволува бесплатно да се излева во западните развиени земји. Заради високото ниво на корупција, на секое поле, бирократизацијата и партиските предуслови за напредок, студентите не сакаат да останат во Македонија.

Според информациите на МОН, заклучно 2022/2023 учебна година, а почнувајќи од 2011, безмалку 400 стипендисти, по завршувањето дома, се запишале на еден од првите 100 универзитети согласно Шангајската листа на рангирање. За периодот од 2010 до 2013 година, од МОН не се доставени информации за доделени стипендии на додипломските студии.

„Поголениот број на студентите кои имаат заминат во странство се вратени и не се контактирани од институциите а тие кои се контактирани им се понудени непристојни понуди на работа“, вели Ристо Савески, претседател на Младински образовен форум.

Реклама

Министерството за образование нема евиденција што со оние студенти кои решиле да се запишат и завршиле на едни од првите 100 универзитети согласно Шангајската листа и ги немаат ажурирано податоците за вработување како и местото на кое се ангажирани студентите.

Оние кои црпеле знаење од светски експерти, кога ќе се вратат во Македонија или не се контактирани, или пак не добиваат соодветна работна позиција согласно образованието.

„Државата нема информации точни каде се тие студенти, не им понудува вработување соодветно и тие студенти си остануваат приватно да си бараат работа. Немаме податок, односно побаравме, а не добивме од МОН, врз основа на што и како државата одлучува на годишно ниво кои се тие области за кои имаме дефицит годинава и сакаме да ги стипендираме. Поголемиот дел од нив единствено доставиле потврда дека завршиле некакво образование или диплома, но никои од нив, односно многу мал број од нив добиле некаква понуда за работа која што не била соодветна исто така не била во рамките на шест месеци затоа што законската обврска за нив која произлегува од договорт е во рок од шест месеци да стојат на располагање, но понуди добивале или по една година или две“, вели Луција Чукеловска авторка на истражувањето „Неискористен студентски потенцијал“.

Стипендиите од МОН опфаќаат не само школарина, туку и трошоци за живот. Од Младионскиот образовен форум велат дека тие претставуваат огромна инвестиција од страна на Македонија која не ги дава резултатите.

Истакнаа дека постои и нетранспарнтност при процесот на распределба на стипендиите, како и ниско ниво на промоција на програмите. Велат дека секое ниво на образование до сега било предмет на експериментирање и дека е потребна ревизија на начинот на кој моментално се имплементира доделувањето на стипендиите.

Од МОФ велат дека во Македонија веќе повеќе од една деценија се случува одлив на мозоци, образвоен егзодус и бела чума. Младите си заминуваат, и најголем дел од нив одат во Америка, Велика Британија и Холандија.

Љубиша Владимиров