Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Правни експерти: Да се следат препораките на Оценската мисија за реформирање на Судскиот и Обвинителскиот совет

Правната фела апелира, наместо само судии во Судски совет, да влезат истакнати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правната фела апелира, наместо само судии во Судски совет, да влезат истакнати професори по право и адвокати. Ова се и дел од препораките на Оценската мисија за судбината на највисоките совети во правосудсниот систем, Судскиот совет и Советот на обвинители. Да се следат нивните препораки, а не да се распуштаат советите, апелираат дел од експертите.

Изборот на членови во Советотот во Собрание, како и предлог-членот кој го дава  шефот на државата-  за академик Владо Камбовски се спорни. Работната група што работела на измените на Законот за судски се обратила до Собранието и до претседателот за мислиње, но попусто. Според Камбовски распуштањето на Судскиот совет задира во уставноста на државата и ниту еден закон не може да го избрише Советот.

Реклама

На иста линија со академикот е и Блупринт групата што работеше на реформи и зајакнување на независноста во правосудскиот систем. Координаторката на групата Цветановска, посочува дека треба да се внимава при одлуките за распуштање на советите бидејќи според неа на тој начин се врши директоно мешање на извршната врз судската власт.

Од Адвокатска комора апелираат за ова прашање да бидат вклучени и адвокатите.

Изминативе години Судскиот совет и Советот на обвинители ги тресат скандали, не само поради начинот на кој се избрани туку и поради политичкото влијание врз нивните одлуки. Новата власта уште во предизиборието порача дека потребни се корените реформи за да се врати довербата на граѓаните во правосудството, па оттука потребно е да се почне од главата и највисоките тела да се распуштат.

Поранешниот министер за правда Кренар Лога пред повеќе година го бараше истото, но во последните месеци од својот мандат се предомисли и апелираше да се почитуваат оценките на мисијата и советите да не бидат распуштени.

Пред само еден месец пораншниот член на советот и актуелен врховен судија беше упасен поради мито од 10 илајди евра. За истиот случај беше приведен и членот на советот на обвинители Иџет Мемети. Минатата година, претседаталката Весна Дамева која е предлог на екс претседателот Пендаровски беше незаконски разрешена од претседателското столче, а потоа повторно избрана.

Советот за обвинители е критикуван во извештаите на ЕУ за нетранспарентност и недостаток на дебата за одлуките.