Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Јаневска ќе ја укине концепцијата на Мила Царовска, најави целосна реформа на образовниот систем

Добро образование – добра држава.  Реформи во образовниот процес за основно, средно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Добро образование – добра држава.  Реформи во образовниот процес за основно, средно и високо образование со цел зајакнување на системот и вложување во иднината на државата – учениците и студентите. Новата министерка  веќе од утре пред себе има сериозен предизвик , во наредните два и пол месеци ќе треба да го средува настанатиот хаос со недостаток на учебници. Весна Јаневска ќе работи и на  промена на наставните програми за основно и средно образование оти со актуелните  кои се работени по новата концепција, донесена за време на Мила Царовска, учениците покажуваат лоши резултати, а наставниците и родителите се незадоволни

 Она што ќе мора од утре да се направи е на било кој начин е да се обезбедат максимален број на учебници  за маскимален број на ученици, иако два месеци се навистина кус рок но тоа ќе биде приоритетно нешто што ќе го направиме. Следното нешто што ќе го правиме речиси цела година е промена на наставни планови и програми за основно и средно затоа што од овие се незадоволни и учениците и родителите и наставниците но и на сите тестирања, надворешни и домашни нашите ученици покажуваат минимални резултати . Тоа е долготраен процес особено затоа што во гимназиското образование скоро 25 години не се менувани наставните програми што е срамота, вели Јаневска за Алфа.

Јаневска најавува многу нови програми кои ќе се работат паралелно, оти во образованието нема време за чекање. Меѓу нив се работа со талентирани ученици, подобрување на образовниот процес на децата со посебни потреби, вложување во дуалното образование. Според Јаневска,  потребно е сите учесници во образовниот процес заедно со политичките партии да формираат национална стратегија  за образование со цел да има конзистентност.

Реклама

Ако ние се договориме што сакаме, кои се целите, поентите кои сакаме нашите ученици да ги знаат, јас верувам дека образованието нема да зависи од новата Влада, додава Јаневска

За дел од планираните  промени ќе бидат потребни законски измени, за што Јаневска смета дека ќе се донесат најдоцна до Нова Година. Министерката најави и достоинствен живот на студентите .

 Треба да им се обезбедат нормални услови за живот и учење и на тоа ќе почнеме да работиме, а потоа во зависност од средствата кои ќе ни ги обезбеди буџетот ќе видиме што можеме да направим друго , се што може да им се обезбеди е многу важно, затоа што тие се нашата иднина.

Весна Јаневска  е   Доктор по медицински науки – патолог,  има искуство како независен пратеник во Собранието, а е и претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ од која позиција беше борец и гласноговорник за подобрување на состојбите во образовниот процес.