Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Стопанствениците контра Бислимовски – тој не може да дефинира дали ќе има покачување на цената на лебот

Стопанствениците контра Бислимовски. Бизнисмените му порачаа на првиот човек на Регулаторна дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стопанствениците контра Бислимовски. Бизнисмените му порачаа на првиот човек на Регулаторна дека тој нема контакт со земјоделие и агробизнис и дека не може да дефинира дали во иднина ќе има зголемување на цената на лебот.

„Бислимовски чинам дека е претседател на Регулаторна комисија. Така да тој со земјоделие и агробизнис нема контакт за да може да дефинира дали ќе има покачување или не и општо за цените за прехрамбена индустрија“, рече Горан Ѓорѓиевски, потпретседателот на Сојузот на Стопански комори на Македонија

Ова следеше по изјавите на Бислимовски кој го коментираше ставот од претставниците од пекарската индустрија дека лебот во иднина ќе поскапе поради поскапувањето на струјата. Бислимовски рече дека тие во голем дел зависеле од домашното производство ѝ порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедат електрична енергија на слободниот пазар и практично не ги засега евентуалното поскапување на струјата.

Реклама

За бизнисмените, струјата е само еден импунт што учествува во финалниот производ, а цената на лебот зависи од голем број фактори. Како најбитен го потенцираа човечкиот, кој недостига во Македонија.

„Уште поголем и најбитен импут во моментов за кој што треба да се разговара се човечките ресурси. Сигурно имате информација дека платите се сериозно пораснати, има недостаток на човечки ресурси многу во нашата држава. Тој недостаток креира повисоки цени, поголеми плати, а сето тоа не ја следи продуктивноста во нашето општество“, рече Горан Ѓорѓиевски.

„Да бидеме свесни дека царинските стапки на суровините во прехрамбената индустрија имаат навистина многу негативно влијание и затоа многу често ние доаѓаме во ситуација да конзумираме прехрамбени производи со повисоки цени за разлика од нашите соседи кои се во Европската унија и прехрамбената индустрија континуирано тоа го објаснува и презентира“, рече Трајан Ангеловски претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Лошите економски политики на СДСМ и ДУИ во изминатите години катастрофално се одразија на бизнисите и ги доведоа во тешка состојба. Сега и индустријата и граѓаните ја чекаат новата влада, од која очекуваат вовеедување мерки за да го ублажи ценовниот шок.

Дел од експертите предлагаат субвенционирање на цените на пченицата, но и воведување мерки за контрола на цените на основните животни потреби.

Љубиша Владимиров