Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Секој седми брак во Македонија завршува со развод

Пропаѓа бракот како институција, се повеќе сопружици заедницата ја доживуваат како излет.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пропаѓа бракот како институција, се повеќе сопружици заедницата ја доживуваат како излет. Експертите за семејно право откриваат дека во Македонија секој седми брак завршува со развод. Статистичките податоци говорат дека во последниве три децении постојано се зголемува бројот на разведени бракови. За илустрација ако во 1995-та имало 710 разведени, сега годишно има три пати повеќе, односно над 2.000 разводи. Во 2023-та бројот на разводи бележи зголемување од 9,4% во однос на 2022-ра. Ако продолжи ваквиот негативен тренд македонците ќе ги стигнат европејците,кај нив секој втор брак пропаѓа. 

  • “Потенцијалот за зголемување на бројот на разведени бракови во Македонија е голем, за жал и во наредниот период можеме да очекуваме зголемување на бројот на разведени бракови. Зошто се зголемува е доста комплексно прашање има повеќе причини за тоа, една од основните причини е тоа што се менуваат моралните, етичките, вредносните норми во општеството, понатаму се намалува влијанието на религијата” –вели Дејан Моцковиќ,проф по семејно право

За разлика од порано жените сега се еманципирани и финансиски независни, а желбите, потребите и интересите на поединецот се во преден план-велат универзитетските професори. Трансформациите во брачните и семејни односи,се предизвици со кои се соочува 21 век.

  • “Нужно ни се неопходни реформи во нашето законодавство особено во приватното право, граѓанското право е заборавено.Затоа она што треба државата да направи и новата влада да се сврти кон граѓаните конечно и после 13 години да биде донесен граѓанскот законик на Македонија кој што ги уредува односите на граѓаните од нивното раѓање па се до смртта”-вели проф.Ангел Ристов,Правен факултет Скопје 

И додека се изработува граѓанскиот закон кој предвидува сериозна реформа на брачното и родителското право,според Државниот завод за статистика во првото тромесечје од годинава во Скопје има најмногу склучени бракови,ама и најмногу разводи.Нити еден брак не е склучен во Дебрца, Новаци и Вевчани,но има време-на лудиот камен најмногу застануваат во август,младенци од 27 до 30 годишна возраст.Статистката вели дека сред лето и разводите се најбројни кај сопружници на воздраст од 35 до 39 години и тоа по нецела деценија од склучување на бракот.

Реклама

Новинар Росица Голабоска

Снимател,монтажа Златко Маневски