Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Скандал по скандал во културата – зошто власта молчела за очигледните криминали?

Владата и министерството за култура знаеле дека со години се злоупотребуваат народни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и министерството за култура знаеле дека со години се злоупотребуваат народни пари преку Агенцијата за филм, но зошто не мрднале со мал прст за тоа и да го санкционираат или спречат е сериозна дилема. Истражувањето на ТВ Алфа открива непотизам и клиентелизам, корупција, непочитување на законите, оштетување на државниот буџет, како и серија други нерегуларности во оваа агенција, утвредени при инспекциите од Министерството за култура. Преку законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ги добивме извештаите за работењето на Агенцијата за филм, во изминатите 5 години. Период во кој со неа директорувале Горјан Тозија, Бојан Лазаревски и сегашниот, Владимир Ангелов.

  • Владата не ги усвојуваше извештаите за работа на АФ, ниту согласно негативните мислења на Министерството за култура преземаше конкретни дејствија за директорот и управниот одбор. Извештаите Владата ги разгледуваше како материјал за информирање, што е спротивно на Законот за филмска дејност. – Пишува во надзорен извештај на Министерство за култура за работата на Агенција за Филм.

Според извештајот, најголем дел од прекрошиците се случиле додека со Агенцијата за филм шефувал Бојан Лазаревски. Пред да стане директор, тој претходно беше член на управниот одбор на оваа институција. Народните пари доделени на оваа агенција за продуцирање домашни филмови се раздавале, а ретко кога имало нови филмови и детални извештаи за потрошеното. Според законите, ако продукциската куќа не доставува извештаи или воопшто не сними филм, парите треба да ги врати во државниот буџет. А за тоа, дали праќа извештаи, дали тие извештаи потврдуваат дека државните пари се соодветно употребени или пак, дали се вратени парите, контролата ја врши токму Агенцијата за филм. Законска надлежност која според Министерството за култура, не ја извршувала доследно.

  • Констатирано е и дека некои проекти се исплатени и до 90 отсто од сумата уште на почетокот на снимањето, а истите не се ни прикажани. АФ не води ажурна евиденција за реализација на филмските проекти и нетранспарентно и без почитување на законските обврски врши исплата на продуцентските куќи. Агенцијата, исто така, не ја следи важноста на банкарските гаранции. – Стои во извештајот.

Во меѓувреме, дел од засегнатите, кои трошеле народни пари, а притоа, според министерството за култура, дел ги добиле на крајно сомнителен начин и со години не доставувале извештаи како ги трошат, почнаа да креваат прашина во јавноста, веројатно во обид да ја дефокусираат. Меѓу нив, се најдоа имињата на првите луѓе на Друштвото на филмски работници на Македонија, како и фестивалот „Браќа Манаки“.

Реклама

Никола Цветкоски