Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Само откупна цена од 30 денари за килограм пченица ќе ги спаси житопроизводителите од загуба

Само откупна цена од 30денари за килограм пченица, од загуба ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само откупна цена од 30денари за килограм пченица, од загуба ќе ги спаси житопроизводителите. Единствено така нема да се повторува праксата од минатите години, кога работеа со загуба. Ваков заклучок на состанокот во Свети Николе кој го организираше Националната мрежа, донесоа полјоделците од целата држава

  „Дојдовме до следните заклучоци и тоа дека според наша проценка производна цена за килограм пченица и јачмен е 19денари. Економско оправдана цена за оваа година е 30денари. Се останато што ќе биде под 30денари не води во загуба„ изјави Ѓорги Каркашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци.

Во наредниот период полјоделците очекуват и Земјоделскиот институт да ја изготви овогодинешната производна цена која ќе одговара со нивната пресметка, а тоа е 19денари за килограм. Откако ќе го добијат овој документ, ќе барат итна средба со новата Влада.

Реклама

  „Очекуваме активно да се вклучат институциите и како медијатори да не седнат и да разговараме со откупувачите за да се најдеме на средина, бидејќи вака ако продолжи дефинитивно ќе се откажеме од производството на житарици……Стартот е веќе почнат , приносите се многу намалени. За разлика од лани годинава се движат од 1500 до 3000кг. На хектар што е многу малку, а за сметка на тоа купувачите нудат мизерни цени од 8денари што се далекув под производните цени, а не пак да оствареме некаква добивка„ изјави Ѓорги Каркашев, претседател на Националната мрежа на земјоделци.

Македонските земјоделци, годишно произведуваат околу 250.000тони пченица. Овие приноси не се доволни, па  за да се покријат основните потреби на населението, секоја година повеќе од 100.000тони пченица увезуваме од странство.

Александра Ристевска