Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

„Розов пикник појадок“ во Градски парк кај Школка

„Розов пикник појадок“, настан организиран во партнерство помеѓу ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Розов пикник појадок“, настан организиран во партнерство помеѓу ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на поддршка на пациентите со рак и нивните негуватели, и Medicus Help денеска ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје кај Школка под слоганот: „Крилјата различни. Борбата лична. Поддршката заедничка“.

Главната цел на настанот, како што велат организаторите, е да им се оддаде признание и поддршка на жените кои живеат
со болеста рак на дојка и секојдневно храбро се соочуваат со нејзините предизвици.

-Сакаме да им покажеме дека не се сами, заедно сме посилни и можеме многу повеќе. Силни сме, кога сме заедно! Иако секоја борба е лична и единствена, таа станува полесна кога се споделува со некој што разбира и чекори по истиот пат.
„Розов пикник појадок“ има и важна мисија, да ја подигне свеста за значењето на редовните превентивни прегледи, препознавањето на симптомите и навременото откривање на ракот на дојка, прачуваат организаторите на настанот.

Настанот, како што посочуваат, е проследен со богата, инспиративна и емотивна програма, а добредојдени се сите – без разлика на возраст и пол – кои сакаат да дадат свој придонес кон оваа важна заедничка мисија.

Реклама

-Заедно можеме да подигнеме свест, да дадеме поддршка и да направиме чекор кон помалку заболени и подобар квалитет на живот за оние кои се соочуваат со ракот на дојка, истакнуваат организаторите.