Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Стартува 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, со рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји

Рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји ќе учествуваат на годинешното 22. издание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји ќе учествуваат на годинешното 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи денеска во Скопје. Покрај рекордниот број учесници, на стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

Годинешното издание повторно носи четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка.

Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготвува активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот.

Реклама

Годинава во главната трка се пријавени 800 тркачи, од македонските најголем фаворит е минатогодишниот победник Дарио Ивановски. За полумаратонот се пријавени околу 3.000 тркачи.

Покрај натпреварувачкиот дел, Виз Ер Скопскиот маратон и годинава подготвува активности со кои дополнително ќе се збогати искуството на учесниците и публиката. Посебно внимание е посветено и на поддршката долж патеката, која традиционално е еден од препознатливите делови на маратонот. 

Информациите на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон ги изнесоа во четвртокот на традиционалната прес-конференција претседателот на Сојузот на спортови на Скопје Зоран Стојановиќ, министерот за спорт Борко Ристовски, заменик-шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Бен Нупнау, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, спортски директор на Виз Ер Скопски маратон Кире Синадиновски и секретар на Виз Ер Скопски маратон Гордана Николовска.

Стојановиќ, истакна дека Виз Ер Скопскиот маратон со секое ново издание ја потврдува својата спортска традиција и значењето за Скопје.

-Виз Ер Скопскиот маратон е спортска традиција која со секое ново издание го обединува Скопје. Оваа година имаме рекорден број учесници и голем број тркачи од странство, што е потврда дека маратонот има свое место на меѓународната спортска мапа. Нашата цел е сите учесници да имаат одлични услови за трката и да понесат убаво искуство од Скопје – истакна тој.

Министерството за спорт и годинава е генерален покровител на Виз Ер Скопскиот маратон, една од најголемите и најреномираните спортски манифестации во земјава, која повеќе од две децении ги промовира Скопје и Македонија на светската атлетска мапа. Министерот за спорт Борко Ристовски посочи дека ваквите настани имаат значење и за промовирањето на спортот кај младите.

-Маратонот е пример како спортот може да ги обедини граѓаните и да испрати позитивна порака до целото општество. Министерството за спорт продолжува да ги поддржува настаните кои го промовираат спортот и активното учество на граѓаните – истакна Ристовски.

Поддршката за маратонот доаѓа и од Делегацијата на Европската Унија, а Бен Нупнау, заменик-шеф на Мисијата на ЕУ во Македонија, истакна дека голема чест и задоволство е што и оваа година ја поддржуваат манифестацијата.

-Голема чест и задоволство е за нас што и оваа година ја поддржуваме оваа голема спортска манифестација. Спортот ги поврзува луѓето без оглед на нивното потекло и граници, а Виз Ер Скопскиот маратон е убав пример за тоа како еден настан може да ги поврзе Скопје, државата и европската спортска заедница – рече Нупнау.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје е подготвен да биде домаќин на големиот спортски настан и упати повик до скопјани да бидат дел од атмосферата на 4 октомври.

-Град Скопје ја дава својата целосна поддршка на маратонот, со сета расположливост на јавните претпријатија и службите кои се вклучени во организацијата, за настанот да помине безбедно и во најдобар ред. Ги повикувам скопјани да излезат, да ги бодрат тркачите и да бидат дел од енергијата која го прави маратонот посебен. – нагласи градоначалникот.

Спортскиот директор на Виз Ер Скопскиот маратон Синадиновски изјави дека рекордниот број учесници е голем предизвик, но и дополнителна мотивација за тимот, додека секретарката на Виз Ер Скопскиот маратон, Николовска, посебно ја истакна улогата на околу 500 волонтери кои ќе бидат распоредени на различни позиции долж патеките, нагласувајќи дека оваа година ќе има околу 500 волонтери.