Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Манчевски контра Василевска – нова низа обвинувања меѓу филмаџиите за делењето државни пари

Во Агенцијата за филм има сериозни криминали кои се потврдени и со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Агенцијата за филм има сериозни криминали кои се потврдени и со увидот што го изврши Министерството за култура. Ова за ТВ Алфа го тврди режисерот Милчо Манчевски, кој додава дека дури 39 проекти добиле средства во висина од 50 милиони денари, а не снимиле филмови ниту ги вратиле парите.

  • ДФРМ, кое е организатор на Фестивалот Браќа Манаки, со години не поднесува финансиски извештаи за истиот. Незаконски се извлекувани средства преку фестивалот Златна Рамка. Законот се прекршувал во континуитет од директорот, Бојан Лазаревски и од Управниот одбор, како и од група концентрирана околу ДФРМ кое го раководат Игор Иванов-Изи и Томи Салковски.“ – Изјави филмскиот режисер Милчо Манчевски.

Претхоодно, во изјава за Алфа, филмската критичарка Ана Василевска алармираше дека и продукциската куќа на Манчевски, „Банана Филм“ противправно добила пари од филмскиот фонд, иако не дале финансиски извештаи за потрошени околу 950.000 евра, народни пари.

Манчевски, пак, вели дека било само обид да се сврти вниманието од негативниот извештај на министерството за култура, кој го добила агенцијата за филм, бидејќи се местеле конкуриси.

  • „Судир на интереси е констатиран и кај Ана Василевска која… Примала исплати во исто време од Агенцијата, ДФРМ, Медиа програмата и Министерството за култура.“ – Додава Манчевски.

И додека филмските работници меѓу себе се обвинуваат кој и колку незаконски земал народни пари од Агенцијата за филм, Министерството за култура и натаму ги крие наодите од увидот што беше извршен иако даде негативно мислење за работата на оваа институција. Алфа се уште ги чека сите документи и извештаи кои ги побаравме и повикувајќи се на законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Реклама

Никола Цветкоски