Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Двојни аршини на ЗНМ: Реакции за „добро, зошто?“ на Богдан Илиевски, ништо за повиците за убиство од Бранко Тричковски

Двојни аршини на ЗНМ. Едни новинари се напаѓаат за напишано „добро, зошто?“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двојни аршини на ЗНМ. Едни новинари се напаѓаат за напишано „добро, зошто?“, други пак повикуваа на убиство, а реакција немаше. Првиот случај е новинарот на Алфа, Богдан Илиевски, кој објави кратко видео од интервју од друга телевизија, прашувајќи „добро, зошто?“. Вториот случај е Бранко Тричковски, кој преку објава на социјалните мрежи директно повика на убиство на Христијан Мицкоски. Но за разлика од случајот со Илиевски, таму немаше реакција од ЗНМ.

-Кил Миц. Можеби е најдобро Мицковски да се убие за секој случај: ако ги изневери вмроните, тоа ќе биде од корист за партијата, ако не ги изневери, тоа ќе биде од полза за Македонија!, напиша Тричковски.

Реакција немаше ниту кога Бранко Тричковски си направи приказна дека загинал пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Реклама

-Загинал Антонијо Милошоски!? На автопатот Скопје-Брисел, денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби Антонијо Милошоски. Пратеникот на Злото. Македонија е во шок. Телото на починатиот ќе биде изложено во Музејот на македонската борба против слободата. Починатиот ќе биде погребан во Алејата на говњарите на градските гробишта во Скопје. Пола во македонската земја што толку многу ја сакаше, а пола над земјата, како споменик на себе и на своето (не)дело, напиша Тричковски.

Во најголем дел од случаите ЗНМ брани едни исти новинари од едни исти медиуми. Во последниве години случаите во кои директно и само Алфа била одбранета може да се избројат на прсти.

Во одбрана на нашиот медиум ЗНМ застана кога екипата на Алфа беше попречувана да известува од Мечкин Камен во Крушево по повод прославата на Илинден, на втори август 2022-ра. Тогаш власта се правдаше дека сме немале акредитација за настанот, за по еден час објаснување сепак да не пуштат.

Во одбрана на Алфа застанаа и кога државниот правобранител реши да не одговара на новинарски прашања, бидејќи не знаел дали новинарот на Алфа е воопшто новинар.

-Станува збор за одговорот на испратените новинарски прашања по електронски пат во контекст на спорните закони за енергетика кои се во собраниска процедура, каде правобранителството во повратна комуникација кон новинарот поставува сомнеж дали истите се испратени од новинари или не, велат од ЗНМ.

Таков беше случајот и кога Фатмир Битиќи реши да избега бидејќи не му се допаѓаше прашање од нашиот медиум, а потоа и да го одбутне новинарот кој го постави тоа прашање.

Овие соопштенија на ЗНМ се изнудени по жестоки реакции од јавноста, но сепак во многу други ситуации кога новинари биле навредувани и напаѓани, а јавноста не реагирала гласно, реакциите од Здружението на новинари изостанале.

Матеја Петровски