Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Поранешниот состав на Aнтикорупциска преспа дел од мандатот: Застарија повеќе од 20 предмети против функционери за непријавување на имот

Поранешните антикорупционери  преспале дел од мандатот и заборавиле на преку 20 тина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешните антикорупционери  преспале дел од мандатот и заборавиле на преку 20 тина функционери да им поднесат прекршочни за непријавување на имотот по нивното назначување. Новиот состав преводен од поранешната ревизорка Татјана Димитровска на денешната седница запре преку 20 постапки против поранешни членови на управни и надзорни одбори  кои прекршокот што го направиле, им застарел. Речиси сите предмети се од 2021 и 2022.

Новиот состав на антикорупциска почна со работа од февруари оваа година. Досега претседателката информираше дека Талат џафери не може да седи на две столици, премиерската и пратеничката,бидејќи е казниво со закон. Антикорупционерите се побунија и за огласот за пријавување на нови кандидати на Акаемијата за судии и јавни обвинители во екот на преизборите.

Исто така на стартот на својот мандат антикорупционерите го покренаа и прашањето за злоупотреби на службени возила од страна на раководоството на институциите. Од вкупно 22 предмети за прекршување на Изборниот законик кои ги отворила Антикорупциска, покрај за јавни набавки, постапки се водат и за злоупотреба на возила. Над 1.000 институции не го испочитувале Изборниот законик и не доставиле податоци за службени возила до ДКСК.

Реклама

Стариот состав  на чело со Билјана Ивановска  честопати критикуваше дека надлежните институции не соработуваат и заттоа нема резултати во бобата со корупцијата.  Првиот човек на организиран криминал Абази јавно откажа соработка со комисијата бидејќи спорд него антикорупциска поднесувала празни иницијативи до обвинителството.