Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Гаши се објасни за изјавата на Косово која дел од медиумите ја спинуваа

Само што седна на спикерското столче во Собранието и по првото интервју…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само што седна на спикерското столче во Собранието и по првото интервју Африм Гаши го доби првиот спин за тоа која е неговата татковина. Откако дел од медиумите објавија дека Гаши рекол Косово, а не Македонија, денеска на Фејсбук тој се објаснуваше дека бил погрешно разбран и пренесен. Како што пишува, тој во интервјуто за националната косовска тлевизија рекол дека Косово е татковина на неговите родители, а не нему. 

Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија.

Реклама

Да појаснам и за јавноста, точната изјава во моето интервју беше дека „Косово е родно место или татковина на моите родители и јас го почитувам како такво заради нив“, пишува Африм Гаши на Фејсбук.

Колкав беше ефектот од погрешената информација во дел од медиумите, покажа и реакцијата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мискоски, кој од новинарите диозна дека Гаши наводно изјавил такво нешто. Мицкоски рече дека не слушнал и прочитал такво нешто, но доколку тоа било вистина рече дека би било добро Гаши да им се извини на граѓаните. 

Што точно кажал Гаши, отсликува интервјуто кое е достапно за јавноста и во кое јасно се слуша дека тој појаснува за своето потекло, односно  дека Косово му е татковина бидејќи до 1990-та немало никакви разлики. Како што објаснува Гаши, потоа биле воспоставени административните граници меѓу земјите од поранешна Југославија.

Инаку ова не е прв пат по изборите дел од емдиумите во државава да спинуваат и да пшремнесуваат погрешни информации за јавни настапи на лидерите од коалицијата ВРЕДИ. Претходно од контекст беше изваден, одно погрешно пренесен и ставот на Арбен Таравари кој во интервју за националната телевизија на Косово зборуваше околу преговорите за поделбарта на ресиорите во новата македонска Влада.