Реклама
Прилози

Тројцата фаворити за лидер на СДСМ „влечат“ сериозни скандали од времето на Заев и Ковачевски- како до реформи во партијата?!

Дали идниот лидер на СДСМ може да донесе нови позитивни ветришта во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали идниот лидер на СДСМ може да донесе нови позитивни ветришта во партијата? Ова прашање гласно се поставува откако кандидатури поднесоа Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски, сите функционери во владеењето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Сите дел од раководните структури кои на СДСМ му го донесоа најголемиот пораз во историјата.

Но и сите со дамки во својата работа минативе години. Венко Филипче кој беше министер за здравство во текот на ковид пандемијата, кога Македонија беше една од земјите со највисока смртност, ќе остане најмногу запаметен по тоа што во текот на неговото раковедење, се случи трагедијата во Тетово, пожарот во модуларната болница, каде живи изгореа 14 луѓе. После тоа поднесе и оставка, која Заев не му ја прифати.

-Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатител, сочуствувам со нивните семејства, нема зборови кои може тоа да го опишат, ниту пак начин да се надомести загубата, изјави Филипче.

Реклама

Филипче кој важи за многу близок до Заев, со кого заедно во ек на пандемија се возеа со мотори ќе остане запаметен и по ветувањето дека ќе изгради нов клинички центар на друга локација, кој требаше да чини половина милијарда евра. Клиничкиот центар се уште го нема, од сите најави и ветувања резултатот е еден- осум и пол милиони евра кои треба да се вратат на италијанска компанија.

-Ќе се гордееме со новиот најсовремен Клинички центар во регионот на Западне Балкан, изјави поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Дамки и скандали во својата работа има и Славјанка Петровска. Во ек на голема економска криза во 2022-ра година беше потпишан тендерот вреден 66 милиони евра за против воздушна одбрана, иако и самата министерка тогаш кажа дека не постои никаква опасност за Македонија. На само три месеци пак пред изборите договориодносно потпиша и тендерот со контроверзната италијанска компанија Леонардо, вреден 230 милиони евра, за набавка на 8 хеликоптери.

-Тоа е во рамките на законот и апсолутно нема никаква законска пречка да биде спроведена. Под број два затоа што оваа набавка е започната согласно позитивните законски прописи уште во 2019-та година, изјави Петровска.

Петровска ќе остане и запаметена по нејзиниот пречек во Лондон, каде наместо како што е според сите протоколи не беше пречекана со македонската химна, туку со песната Јовано Јованке.

Деспотовски последниве години извршуваше две функции, прво беше директор во Фондот за иновации, а потоа и во ТИРЗ. Првото директорување ќе остане запаметено по низа скандали за поделба на грантови, додека пак второто по тоа што Македонија почна да ја губи битката со соседните држави за привкелување на странски инвестиции. Ќе остане запаметен и по неколку најавени инвестиции кои пропаднаа, како фабриката за електрични автомобили во Тетово и „Алмак“, најавена голема странска инвестиција, која во февруари годинава беше избришана од централниот регистар.

Зборуваме можеби се уште не за најголемата странска инвестиција во Република Северна Македонија, меѓутоа, секако за странската инвестиција која што пропатува најмногу километри, Јован Деспотовски на 18.08.2021.

Покрај тројцата кои во моментов важат за главни фаворити, кандидатури поднесоа Александар Бајдевски и Златко Ристовски. Бајдевски минативе седум години беше на функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација. Ристовски е активист на СДСМ од Битола, а според информациите од Бихаќка тој е релативно анонимен во партијата.

Матеја Петровски