Реклама
Прилози

Што или кој го премисли Лога?- Предлогот за распуштање на Судскиот совет сега стана опасна идеја

Кренар Лога се попишмани за Судскиот совет. Лани во јуни предлагаше членовите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кренар Лога се попишмани за Судскиот совет. Лани во јуни предлагаше членовите самите да си распуштат поради нивното скандалозно однесување, но сега со писмо и се обрати меѓународната заедница за наводен обид за упад на законодавната власт во правосудниот систем откако новото мнозинство го најави токму тоа за што пред една година зборуваше самиот тој.

Алфа го праша актуелениот министер што го предомислило да го смени ставот, но тој негира дека се попишманил. Лога се повикува на заклучоците на Оценската мисија на ЕУ и тврди дека токму Европската унија се залага за континуитет на овие судски тела.

Реклама

Од работата на Оценската мисија имаме заклучоци кои ги споделевме со јавноста, но и онакви коишто не смеевме да ги објавиме. Овие тела треба да имаат континуитет, тоа го кажува и Извештајот на ЕУ, а не јас лично, вели Кренар Лога, министерот за правда.

Во писмото Лога пишува дека препораките од Извештајот на Оценската мисија со особено внимание биле разгледани од највиските претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Исто така била формирана и комисија за реформи во Судскиот совет.

Изразуваме сериозна загриженост што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи на пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации, стои во писмото на Кренар Лога.

По лошите оценки на ЕУ во послениве години за нефункционалноста на правосудниот систем како и довербата од 2 %, новото мнозинство најави реформи во судскиот и обвинителскиот совет. Најавените промени ги разбрануваа правосудните органи, но тоа според пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски е нормална реакција од министер и власт коишто се во заминување.

Пред неполна година не само оценувачката мисија на Европската Унија туку и министерот за правда Кренар Лога им дишеше во врат на членовите на Судскиот совет. Тој дури и формираше комисија која утврди неправилности во работата на судовите, а во однос на работата на Судскиот совет го чекаше извештајот на Оценската мисија за кој сега вели дека не има детали што не се споделени со јавноста.