Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Уставен суд без претседател: Се откажа Ана Павловска Данева, не успеа ниту Осман Кадриу

И по осум гласања нема замена за Добрила Кацарска. Уставните судии повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по осум гласања нема замена за Добрила Кацарска. Уставните судии повторно не избраа претседател. По Татјана Васиќ Бозаџиева, Ана Павловска Данева, неуспешен во оваа трка беше и Осман Кадриу. Сепак, од Уставниот суд велат дека и до изборот на нов претседател ќе продолжат да делуваат нормално, односно ќе се одлучува колективно.

-Се гласаше два пати за различни кандидати, при што ниту еден од нив не го доби потребното мнозинство, односно поддршка од најмалку две третини од вкупниот број на судии или најмалку 6 гласови. Седницата за избор на претседател на Уставниот суд, започна на 30 мај и досега имаше осум круга гласања. Со оглед дека се уште не е избран нов претседател на Судот, а со цел Уставниот суд да функционира непречено, судиите едногласно зазедоа став дека за прашањата кои се однесуваат на управувањето, да се одлучува колективно, велат од Уставен.

Од трката се повлече Ана Павловска Данева, со цел да не предизвикала уставна криза.

Реклама

-Судијата Ана Павловска-Данева на седницата изјави дека ќе се повлече бидејќи според неа, не сака нејзината кандидатура да биде причина за уставна криза, велат од Уставен.

Останува непознато кога Уставниот суд ќе добие нов претседател, бидејќи според деловникот ќе има прегласувањето додека кандидатот не добие двотретинско мнозинство.

-Постапката за избор на претседател на Уставниот суд продолжува согласно членот 7 став 4 од Деловникот на Судот, според кој доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, постапката за избор на претседател се повторува, велат од Уставен.

Во моментов Уставен е без прв човек, бидејќи Кацарска нема право на реизбор, нема заменик претседел, а не постои можност ниту за вршител на должност претседател.

Матеја Петровски