Реклама

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Прилози

Експертите: Вината не е кај учениците, туку кај надлежните и наставниците

Резултатите од матурата не смее да бидат колективно поништени, туку само на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резултатите од матурата не смее да бидат колективно поништени, туку само на оние кои биле фатени на дело како препишуваат – велат познавачите, кои сметаат дека вината не е кај учениците, туку кај образовниот систем.

Просветниот инспектор во пензија Илиевскиги повика министерот за образование Шаќири и директорката на испитниот центар Михајловска, да не чекаат промена на власта, туку веднаш да си поднесат неотповикливи оставки. Ова следи откако образовните институции целосно потфрлија во организирање на матурските испити втора година по ред, бидејќи не успеваат да спречат масовно препишување.

  • „Непочитување на правилникот за изведување на матурските испити. Тоа значи, таму треба да има набљудувачи таму треба да има контролори и да се направи регистрација на секој ученик“ – Изјави просветниот инспектор во пензија, Ѓорги Илиевски.

Илиевски вели дека вината не треба да се бара кај учениците, бидејќи, ако биле доволно подготвени, немале да се обидуваат да препишуваат. Тие се одлучиле на тој чекор поради незнаење и несигурност.

Реклама
  • „Вината лежи во министерството за образование и наука и државниот испитен центар, како што е Министерот и директорот на Државниот испитен центар и сите одговорни, под итно да си поднесат неотповиклива оставка, бидејќи тие се виновни“ –Истакна Илиевски.

Тој додава дека просветниот инспекторат мора да биде присутен на тестирањето, со цел да утврди дали контролорите правилно го спровеле процесот и каде имало пропусти, што и овој пат, не било случај.

Министерот Шаќири веќе го впери прстот во државниот испитен центар, додека пак оттаму, вината ја префрлија кај контролорите кои го спроведувале процесот. Од ДИЦ велат дека тие немаат надлежност да истражуваат, иако станува збор за пропусти во мерките кои тие ги преземаа. Оттаму додаваат дека учениците кај себе немале телефони, но и покрај тоа, за препишивањето пресудна беше Вибер група со околу 7000 членови.

Познавачите велат дека можеби е потребно на тестирачите да им се плати дополнителниот ангажман, односно работа за викенд, но, тие да сносат и поголема одговорност.

  • „Прво што треба да се направи е да се одвојат државната стручна матура од државната гимназиска матура и тоа е нешто што повеќе години се зборува и треба да се спроведе. Децата треба да се подготвени за матурскиот испит, што значи сдека треба подолго да се подготвуваат во училиштата од страна на анставниците.“ – Изјави Весна Јаневска од комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Годинава, за да не се повтори препишувањето од лани, над 10 000 матурнати полагаа во спортиските сали и ходниците на училиштата. Предлог мерка беше и поставување блокатори за телефонска мрежа, но, институциите решија дека тоа ќе чини многу. Засега е непознато, дали блокаторите или нискиот степен на образовние има повисока цена, имајќи предвид дека учениците од Македонија бележат пад на светското ПИСА тестирање уште од 2018та. Тие во декември лани се најдоа во групата држави со најлоши резултати во читање, природни науки и математика. Од вкупно 81 држава, Македонија се најде на 62то во математика, 72то во читање и 69то по природни науки.

Никола Цветкоски