Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Штипјани мобилизирани – хуманитарни настани за да се собере сумата потребна за лекување на Сибел Омерова

Штип и штипјани не се откажуваат од идејата за собирање на средствата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штип и штипјани не се откажуваат од идејата за собирање на средствата кои се потребни за лекување на нивната сограѓанка, младата медицинска сестра Сибел Омерова. Неофицијално речиси половина од сумата е веќе собрана. Донаторски пунктови со кутии за собирање на средства се поставени во речиси сите локали, маркети, а од вчера граѓански активисти со иновативна идеја таканаречен „хуманитарен шопинг „ ги мобилизират и помалите фирми.

„Тоа е еден модел каде учествуваат претставници на бизнис секторот, оние помалите и сите оние мали бизниси, креативци кои на некој начин сакаат да се вклучат. Од една страна донаторите ссе тие, а од друга страна донатор  може да биде секој граѓанин кој има желба да донира одредена сума пари. Станува збор за симболични средства од 200денари, па нагоре, а за возврат на својата донација да добие некој производ или услуга која би покрила дел од неговите секојдневни потреби„ изјави Викторија Милановска-Патраклиев, граѓански активист.

Овој модел за собирање на донации за прв пат се активираше минатата година кога градот покажувајќи  ја својата солидарност во рекордно време ги собра парите за лекување на Христијан, кој за жал не успеа да се избори со болеста. Вчера неговиот татко Гоце Коцев, упати молба до сите граѓани за уште еднаш на дело ја покажат својата хуманост.

Реклама

„Јас го поминав тој пат, ја добив  поддршката на граѓаните, независно од верска, партиска или етничка припадност. Се надевам дек средствата за Сибела во рекордно време ќе бидат собрани исто како што беше и во нашиот случај„ изјави Гоце Коцев, татко на Христијан. За случајот на Сибела Омерова, за прв пат ќе се активира и Солидарниот фонд на градот и од него максумум можат да бидат донирани околу 1500евра. Инаку за лекување во Истанбул, на младата медицинска сестра потребни се 70.000евра. Единствено тамошните лекари се нафатиле да ја оперираат, а потоа и да продолжи со хемотерапија“, вели Гоце Коцев.

Александра Ристевска