Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Сиљановска Давкова следната недела ќе го додели мандатот за состав на новата Влада

Лидерот на партијата која има мнозинство од 61 пратеник во парламентот ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на партијата која има мнозинство од 61 пратеник во парламентот ќе го добие мандатот. На изборите како што вели претседателката Сиљановска Давкова  има еден победник кој ги избира коалиционите партнери. Според неа, мнозинството е веќе видливо и во него нема место за интегративците и Али Ахмети.  До7 јуни, шефицата на државата ќе му го додели мандатот на Христијан Мицкоски за состав на идната влада.

“Се разбира дека  е политички, етнички, демокртски здраво да вкучите во владата албански партии и тоа мадатаратот ќе ги направи . Мнозинство има  оној што има зад себе 61 пратеник и се разбира јас посакувам во иднина при креирањето на владите одлучувачки да бидат програмите односн идеологијата, оти тешко можете да мешате вода и масло треба да се програмите компатибилни за да може да се направи заедничка програма и тогаш навистина да имаме реформи”-вели  Гордана Сиљановска Давкова

За Преспанскиот договор и осносите со Грција,  Сиљаноска Давкова има план за градење на добрососедски односи ,нудење но и барање  почит.  Како што вели тоа не се само македонски проблеми, туку и реагионални и европски. Повтори дека Македонија е дел од Европа и географски и историски и културно, и дека е редно време да биде и политички. Останувањето долго во чекалната на ЕУ не е здраво како што рече претседателката ниту за нас, ниту за Регионот , ниту за Европа.  Македонската претседателка ги искоментира и заканите на Грција вмешувајќи го и меѓународниот суд.

Реклама

“На истиот тој Меѓународен суд ние бевме со Грција веќе и тој ист Меѓународен суд пресуди во однос на кршењето на членот 11 од привремената спогодба која е исто така меѓународен договор.Не верувам дека веднаш ќе се оди на суд, има градација во преспанскиот договор прво се укажува, се разговара, се адресира прашањето до ООН потоа се оди на судот.Иначе пресудите на судиот треба да важат ерга омнес но тоа не се случи за жал во нашиот случај “-рече Давкова

И покрај меѓународниот притсок Сиљановска Давкова ќе продолжи да  ја игнорира придавката „Северна“ во јавните обраќања и ќе го користи само терминот Македонија. .Со тоа според неа не се прекршува преспанскиот договор, а а личната определба како што рече  е право загарантирано со повисоки акти од билателарните договори.

Росица Голабоска