Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Матичните лекари на протест – ФЗОМ реши да им ја скрати капитацијата за препишана терапија

Матичните лекари на протест пред подрачните единици на фондот за здравствено осигурување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Матичните лекари на протест пред подрачните единици на фондот за здравствено осигурување, во знак на поддршка за нивните колеги кои беа казнети од фондот.  Ова следи по измените во политиките на фондот, со кои матичните лекари добија можност тие да издаваат рецепти на ниво на специјалист, поради недостаток на доктори во помалите градови. Ова направи тие да мораат ги надминат предвидените квоти и буџетите за лекови, кои пак останаа непроменети.

Здруженијата на матични лекари велат дека не смее медицината и пациентите да страдаат, само поради лошото планирање на фондот и бараат промена на казнената политика.

  • „Како амбулантата да продолжи да работи понатаму во вакви услови? Сакам да истаакнам дека не се работи само за оваа казна. Ние ќе прашаме, дали лековите одат на терет на фондот или на терет на матичниот доктор и пациентот, бидејќи, ако јас на секои три месеци издвојувам казна од 1000 евра, тоа значи дека јас практично ги плаќам лековите на моите пациенти. Ваквото работење е апсолутно неисправно“ – Изјави Д-р. Анкица Станоевска – Специјалист по семејна медицина

Матичните лекари додаваат и дека промените и новите можности за препишување лекови, покрај тоа што им донесоа казни, им ги зголемија и трошоците за работа. Велат, решението е дигитализација на здравствениот систем и зголемување на капитацијата.

Реклама
  • „За да ние опстанеме, со сите оние трошоци кои произлегуваат во нашата секојдневна работа, нас треба бодот најмалку да ни е 150 денари, за да можеме да ги покриеме трошоците. Имаме бегање надвор, тешко се наоѓа персонал, тешко се наоѓаат доктори, уште потешко се наоѓаат сестри. Со нашите плати, кои ние ги нудиме, не сме конкуренти на јавниот сервис.“ – Истакна матичнот лекар Д-р. Љубомир Стефановски.

Од фондот за здравство пак се правдаат, велат, тие само спроведувале правилник кои постои веќе цела деценија.

  • „Реакцијата на матичните лекари е поради целта за рационално препишување на лекови која што е на сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел.“ – Одговорија од ФЗОМ.

За состојбите во македонскиот здравствен систем алармот го вклучија и младите лекари. Велат, ако не дојде до реални промени на подобро, тие ќе бидат принудени да си зминат и среќата да си ја бараат во странство, бидеќи во Македонија не можат да опстојат.

  • „За мене како млад доктор, имам прекрасни колеги, кои што веќе можеби сме и разочарани од системот. Како и на кој начин функционира системот и нашата држава. Тоа да биде апел, да се стави акцентот на младите доктори, зошто навистина можеме да направиме големи промени во општеството. Имаме желба.“ – Порача докторот по општа медицина, Филип Драконски.

Во меѓувреме, министерот за здравство се огради и ја префрли одговорноста за проблемите кај фондот за здравство, додека пак, оттаму велат дека прават анализа и пресметки, зошто е дојдено до оваа состојба, мнозиснтовото матични лекари да треба да плаќаат казни.

Никола Цветкоски