Реклама

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Прилози

Алфа обиколка: Подземните премини во Скопје – ноќе хорор зони, дење одвај по некој пешак

Празни и напуштени дуќани во објекти кои едвај функционираат – ова е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Празни и напуштени дуќани во објекти кои едвај функционираат – ова е заедничка карактеристика за двата подземни и единствениот надземен пешачки премин во главниот град, што повеќе децении никако не успеваат да ја остварат својата цел, да бидат само-оддржливи и да не бидат хорор зона – особено кога минувате низ нив навечер. Како по обичај, од градската администрација на Данела Арсовска, не одговорија на прашањата на ТВ Алфа, на што се должи незавидна состојба во која се наоѓаат овие објекти.

Единствениот кој е изграден над булевар, е преминот „Влајко“ во Општина Карпош. Прво што може да се забележи кога некој се обидува да го помине е неговата дисфункционалност. Ескалаторот е искршен, а не функционираат ниту лифтовите. Искршена е и стаклената ограда.

На само дваестина метри од него, има пешачки премин со семафори, што прави пешаците да имаат избор, дали да одат по подолгиот пат и да ги качуваат скалите на „Влајко“ или едноставно, да почекаат да се вклучи зеленото светло. Но, ова не е единствената причина, зошто тој не се употребува често.

Реклама

Влајко“ е заклучен за викенди, перазници и други неработни денови, но и во попладневнте часови, па скопјани ретко кога може да го користат.

Изграден во 2006та година, под оправдување дека ќе функционира како безбеден премин за учениците од основното „Димо Хаџи Димов“. Има 16 дуќани, односно по 8 од двете страни, но во моментов, таму функцинира само еден од нив.

За разлика од „Влајко“, подземниот премин „Скопјанка“ кој се наоѓа кај истоимениот трговски центар и во близина на скопската железничка и автобуска станица, дуќаните веќе се во приватна сопственост или изнајмени, но ретко кој функционира.

Покрај силната реа на фекалии и нечистотија, забележително за подземниот премин „Скопјнка“, се бројот на дуќани кои се продаваат или издаваат.

Скопјани за да не го користат овој премин, буквално претрчуваат преку булеварот „Јане Сандански“, ризикувајќи си го животот.

Малиот број на дуќанџии кои работат веројатно е една од причините зошто граѓаните го избегнуваат тунелот. Речиси никој и не минува низ него, па и дуќаните не можат ништо да заработат.  

Најстариот од ваквите премини во главниот град е кај хотелот Континентал. Изграден пред половина век под булеварот Александар Македонски, во овој тунел затекнавме најголем број луѓе. Тој го спојува трговскиот центар „Ист Гејт“ и кампусот за природни науки, на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

За разлика од оние во општина Аеродром и Карпош, подземниот премин во Гази Баба скопјани се принудени да го користат, бидејќи не постои друг начин, како да се премине преку булеварот.

Дури и преку ден, тунелот е во мрак, па и покрај тоа што спојува фрекфентни локации, граѓаните го избегнуваат.

Ниту овој не е во подобра состојба од останатите. Од десетина дуќани работат само два. Копирница и пекара. Тоа што граѓаните често го користат бидејќи мораат, не прави дуќаните да се разработат.

Сите три премнини се замислени да бидат само-оддржливи. Продажбата на дуќани да врати дел од инвестицијата, а замислата да функцинираат како мали трговски центри да го покрие оддржувањето и да ја заживее локалната економија, но, и по неколку децении, тие не ги имаат исполнето своите цели и остануваат како финаниски товар за локалната самоуправа.

Никола Цветкоски