Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Детската кардиохирургија во Македонија е успешна приказна

Во Македонија, нема листа на чекање за операции на деца кои имаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија, нема листа на чекање за операции на деца кои имаат срцеви аномалии. Годишно се оперираат околу 150 деца. Дополнително бројот се зголеми откако  Македонија,  стана еден од регионалните центри на Балканот, за извршување на ваков тип на операции, вели единствениот лиценциран кардиохирург за деца д-р Владимир Чадиковски.

 „Во моментот бројката на операции зависи од бројот на новородени деца и се движиме со операции на околу 150 деца годишно. Сега почнавме и регионално и бројката се зголеми и од Косово имаме повеќе од стотина бебиња оперирано. Ваков тип на центри има само во Белград, Атина и Софија. Значи, регионално ги решаваме проблемите кога се работи за деца„ изјави д-р Владимир Чадиковски, супспецијалист по детска кардиохиругија.

За разлика од пред десетина години кога се поставуваа темелите  на детската кардиохиргија имавме дефицит од кадар,  за денеска  да се пофалиме со тим од околу седумдесетина експерти кои секојдневно водат борба  за да спасат детски живот, посочи Чадиковски.

Реклама

„Проблемот што го имаме пред се е капацитетот. Треба прво да ги згрижиме нашите деца, бидејќи бројката е статична. Во моментот имаме 12 бебиња оперирани  и едноставно треба да се ослободат места па да се примат други. Приоритетни се нашите деца, па потоа ги третираме децата од регионот. Тоа е став којшто го имаме„ рече Чадиковски.

Денеска во Штип, во организација на студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев„ беше организиран третиот Студентски когрес на општа медицина. Голем број на еминенти професори и лекари пред студентите одржаа мотивирачки говор и ги споделија своите долгогодишни искуства.

Александра Ристовска