Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Во Македонија има повеќе бранители на „Северна„ отколку што има во Грција

Во Македонија никнаа повеќе бранители на терминот „Северна“,  а се очекуваше многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија никнаа повеќе бранители на терминот „Северна“,  а се очекуваше многу повеќе да „скокнат“ во Грција. По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, таканаречени политички аналитичари и коментатори, блиски до власта, па и провладини новинари, отидоа дотаму што дури и повикуваат на казни за оние кои се против „Северна“. Оркестрирано „удрија“ со жестока дезинформативна кампања, ширење лажни вести, па дури и повици до САД и Брисел да ја санкционираат претседателката, бидејќи не ја изговорила кованицата.

Новинарот кој не ја крие својата близина кон СДСМ, Зоран Иванов, јавно ги повика Вашингтон и Брисел со насилие да и се спротистават на претседателката Давкова.

  • „…како почна, како инагуративно се промовираше, ако вака предзборно продолжи, ако Калето и Брисел бргу не и’ мавнат по две три заушки во стилот професорке доста беше фолирање…“ – Објави новинарот Зоран Иванов.
  • Освен како прва жена претседателка на Северна Макеоднија, Гордана Силјановска Давкова ќе биде запаметена и како прва на оваа функција којашто уште првиот ден постапи спротивно на Уставот на државата. Професорка по уставно право. – Напиша новинарот Зоран Бојаровски.

Реториката на провладините новинари ја продолжија и ред ботови и скриени профили на социјалните мрежи, со повици за санкции.

Реклама
  • „Секој што работи пртив Преспанскиот договор оди на црна листа на САД. Амбасадорке @USAmbNMacedonia сега е време да докажете дали се тоа празни зборови или Силљановска ќе лета на црна листа.“ – Пишува скриен профил на Твитер.

Новинарот Бранко Геровски вели дека домашните медиумите и аналитичарите блиски до СДСМ, мора да се помират со фактот дека во Македонија дојде до промена на водењето на надворешната политика, а ако тоа не можат да го прифатат, помалку саркастично вели им останува уште на митинзи за поддршка на „Северна“ да излезат.

  • „Сега можеби треба да очекуваме еден сенароден митинг, во кој поддржувачите на екстензивнита употреба на придавката „Северна“. Можеби ќе има транспаренти „Само северна“. Тие мора да го прифатат ноторниот факт или да го докажат спротивното, дека претседателката Гордана Силјановска-Давкова не го прекрши преспанскиот договор.“ – Изјави новинарот Бранко Геровски.

Тој додава дека вакви повици за санкции и барања користење на кованици „Северна“, нема да престане додека поддржувачите на СДСМ не ја прифатат новата реалност.

Пропагандата отиде дотаму, што некои и со лажни вести се обидоа да ја манипулираат јавноста.

  • „Се враќаме денеска од плажа (на втор крак) и колата ја најдовме ваква… Кој и зошто ги напиздил Грците, до вчера беа многу љубезни?“ – Се споделуваше на Твитер.

Со само кратко интернет пребарување, помже лесно да се докаже дека оваа слика, објавена од скриен профил на Твитер, е невистинита, односно дека доаѓа од веб страна за сервисирање на автомобили.

Никола Цветкоски