Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Ќе има прегласување: Висат двајца пратеници на ДУИ, може скапо да ги чини „бугарскиот воз“

Висат двајца пратеници на ДУИ. ДИК одлучи да се прегласува на седум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Висат двајца пратеници на ДУИ. ДИК одлучи да се прегласува на седум места, шест во петка, едно во шестата изборна единица. И во двете изборни единици ДУИ е блиску да изгуби пратеничко место. Според познавачите интегративците речиси сигурно ќе паднат од 19 на 17 пратеници, бидејќи после овие избори и се поизвесното заминување во опозиција веќе ја немаат моќта да ги уценуваат граѓаните.

-Реално сега треба да се искаже реалната волја на народот, бидејќи веќе диктатурата падна. И сега народот треба јавно да излезе да гласа според нивната волја и нивните размислувања. Но мислам дека ДУИ веќе нема капацитет да врши притисок, закани и поткуп врз на гласови, јас мислам дека реално ако излезат тие гласачи на тие изборни места ДУИ ќе изгуби по еден пратеник, вели за Алфа политичкиот аналитичар Љулзим Фаризи.

Љулзим Фаризи очекува и сите политички фактори заедно да се здружат со цел ДУИ да ги загуби двете пратенички места.

Реклама

-Мислам дека сите ќе се обединат заедно ДУИ да изгуби еден пратеник во петка и во шестка. Така што реално лека полека таа кула составена од криминал, корупција и поткуп секогаш на гласови од 2002-ра година, мислам еднаш засекогаш… и ќе се искаже реалниот капацитет и реалната волја на граѓаните во некои избирачки места што се организираат, изјави Фаризи.

Албанската опозиција „Вреди“ реагираат дека со одлуките на ДИК се докажало дека ДУИ добиле гласови со изборна кражба.

-Т.Н. Европски фронт злоупотребувајќи ги сите механизми на власта незаконски ги нарушил и искривил волјата на граѓаните, споредувајќи го бугарскиот воз во Липково е Ларце. Слуачи веќе потврдени со одлука на ДИК, како и со броење на неважечки гласови во корист на фронтот и ДУИ, изјави Фатмир Сабриу од коалицијата „Вреди“.

Од ДУИ пак велат дека со прифаќањето на приговорите се обидува да се промени волјата на граѓаните изразена на фер и демократски избори.

-Откакос е утврди дека Европскиот фронт е втора политичка сила во државата, истите политички сили прават се да го оспорат легитимитетот кој Евроспкиот фронт го доби на осми мај од носителот на сувереноста, каде што им покажавме дека се натпреварувавме фер и демократски, каде што пак излеговме победници како и на 24 април, изјави Елми Азири од Европскиот фронт.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со прегласувањето можно е и тие да добијат пратеник повеќе.

-ВМРО-ДПМНЕ може да добие дополнителен број пратеници од овие избирачки места. Секако доколку граѓаните сметаат дека треба да ја дадат довербата во овие избирачки места, на еден фер процес, кој што ќе биде набљудуван, сега со очите на цела македонска јавност ќе биде набљудувани овие четири до пет, не знам уште колку ќе поминат избирачки места. И се надевам дека тоа ќе значи дека ќе имаме фер и кредибилен процес во овие избирачки местам, изјави Стефан Андоновски.

Дали дефинитивно ќе има прегласвуање ќе одлучи Управниот суд. Тие имаат право да ги променат и одлуките на ДИК, но и евентуално да прифатат дел од приговорите кои беа одбиени од страна на Државната изборна комисија.

Матеја Петровски