Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Во Скопје никна уште една „џунгла“ освен тревникот околу Влада и Градски парк

Скопје доби уште една градска џунгла. Градски парк веројатно е во натпревар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје доби уште една градска џунгла. Градски парк веројатно е во натпревар со тревникот околу владината зграда, за тоа, кој ќе создаде поголема опасност од влечуги и инсекти.

Освен фрекфентните локации, околу дискотеките, кафулињата и спортските игралишта, каде што ги затекнавме службите на претпријатието за паркови и зеленило, остатокот од паркот како да е оставен на забот на времето.

Посетителите кои ги затекнавме пак, велат дека се разочарани од градските власти, не само поради неискосените тревници, туку и поради тоа што мораат тие самите да го собираат ѓубрето низ паркот.

Реклама

Алфа ТВ праша колку често се коси во Градски парк. Но, ниту од градското претпријатие за паркови и зеленило, ниту од градот Скопје, не добивме одговор.

Ако скопјани решат да се одморат во тревниците на Градски парк, постои зголем ризик од крлежи и други инсекти поради неискосената трева. Додека пак предизборно, градоначалничката Арсовска ветуваше повеќе вакви, мега паркови.

Грижата за тревниците беше и причина за политички конфликт меѓу техничкиот премиер Талат Џафери и градоначалничката Арсовска, за тоа, во чија надлежност е косењето на тревата.

Во меѓувреме, во јавноста одекнуваат повиците за оставка на градоначалничката Арсовска, откако на парламентарните избори, во првата изборна единица, каде и ја управува локалната самоуправа, имаше поразителни резултати. Нејзината партија, “Нова алтернатива” доби едвај 1600 гласови. Овие бројки веројатно се отрезнувачка реалност за Арсовска, но и неверојатен удар за нејзиниот статус како политичар и градоначалник, чиј мандат беше одбележан со раздори, конфликти и незадоволство.

Никола Цветкоски