Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Ограбена канцеларијата на матичната служба во Прилеп

Украдени шест компјутерски монитори и еден хард-диск, оштетени Матични книги, одземена или…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украдени шест компјутерски монитори и еден хард-диск, оштетени Матични книги, одземена или уништена документација, како и причинета друга материјална штета која дополнително ќе се утврдува, е резултатот од вчерашната кражба во просториите на прилепската Матична служба. Според раководителот на Службата, провалата случајно била откриена вчера во претпладневните часови, кога една од вработените матичарки дошла во Службата за да земе Матична книга заради претходно закажани регистрации, а кои се одвиваат во општинскатата зграда.

По однос на оштетувањето на Матичните книги и на другата украдена документација, допрва ќе треба да кажат вработените што и дали нешто недостасува. Базата на личните податоци е заштитена и граѓаните можат да бидат спокојни. Со оглед на тоа што е викенд, Службата најверојатно нема да работи в понеделник, со цел да се утврди што точно недостига“, ни рекоа за Алфа од Подрачното одделение за Матична евиденција во Прилеп.

И од СВР Битола, ни ја потврдија кражбата.

Реклама

„На 11.05. во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05 до 11.05. од страна на непознат сторител било влезено во канцелариските простории на Управата за водење матични книги, подрачно одделение Прилеп на ул. „Димо Наредникот“ при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, – стои во соопштението од СВР Битола. 

Подрачното Матично одделние во Прилеп се наоѓа во центарот на градот, во непосредна близина на Полицијата и е сместено во сутеренски простории од станбена зграда. Според исказите на некои од станатрите во зградата, наводно некакво тропање и кршење се слушнало вчера во утрото, нешто после 9 часот.

Инаку, Управата за водење на Матични книги работи под капата на Министертсвото за првада, а на чие чело се уште се наоѓа министерот Кренар Лога, кадар на Алијансата за Албанците од крилото на Зијадин Села, кое на последните избори настапи како коалиционен партнер на ДУИ во т.н. „Европски фронт“.   

Каролина Дурло