Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без претседателката да го спомне уставното име- се осврна на улогата на жените во политика

Македонија го доби шестиот  и првата жена претседател на државата. Без да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија го доби шестиот  и првата жена претседател на државата. Без да ја спомне „ Северна“ ,  Гордана Силјаноска Давкова даде заклетва пред стариот пратенички состав дека ќе го почитува Уставот и законите на Македонија,  ќе го штити суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Македонија.

Илјадниците граѓани кои ја дадоа довербата за да ја преземе вила Водно за Силјаноска – Давкова се најголемата обврска која ја добила во животот.  Во првиот говор во Собранието, кој го посвети на жените, таа вети  дека ќе биде претседателка на сите  граѓани, на левата и на десната страна во собранието, ќе биде коректор и ќе реагира во Парламентот кога ќе биде потребно дури и со вето.

Силјановска Давкова од собраниската говорница му  се заблагодари на Христијан Мицкоски бидејќи само тој верувал во таква голама, убедлива победа со над 500 илјади гласови, кога и таа самата не верувала дека такво нешто може да се случи.

Реклама

„Ќе го почитувам овој Парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги паметам само добрите. Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови, кои се најголемата обврска која сум ја имала во животот. Ќе сторам се за да ја оправдам. Време е за единство“, рече Силјановска-Давкова.

Ако можам да сум јас претседателка – можете и вие –   Минутите од собраниската говорница Давкова ги искористи да ги инспирира жените, затоа што речиси и да ги нема во политиката, а силните жени можат на поинаков начин да ги решат проблемите. Желбата на новата претседателка е во новиот парламентарен состав да има повеќе жени  . Давкова повика на единство кое во моментов е потребно повеќе од било кога затоа што Македонија има многу тешка лекција.

За жал жените ги нема во политиката, затоа сум среќна што ќе инспирирам други жени. Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие! Запомнете / Никогаш не ни било потребно поголемо единство, со нас жените ќе се менувате и вие мажите . Ајдете да исчекориме, лекција имаме, многу тешка лекција .

Инаугурацијата во Собранието се одвиваше пред пратеници, функционери, поглавари на верските заедници,  дипломатскиот кор. Присуствуваше поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, а изостанаа поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.