Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Соборците на Влатко Петров и Димитар Двојаковски со грутка во душите се сеќаваат на кобниот ден кај Ваксинце

И по 23 години од кобниот ден, штипјани достојно се присетуваат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по 23 години од кобниот ден, штипјани достојно се присетуваат на храброста и пожртвуваноста на двајцата свои сограѓани, бранителите Влатко Петров и Димитар Двојаковски, кои животите ги загубија кај Ваксинце, во конфликтот во 2001година. Болката се уште е пресна и по толку години раните не заздравуват, објаснува Васе Јовевски, од Здружението „Влатко Петров„

  • Тешко е да се опишат чувствата за денешниот ден. Влатко ми беше сосесд . И по толку години болката се уште е свежа и не минува„ изјави Васе Јовевски, од Здружението на граѓани „Влатко Петров„.

Според кажувањата, кобното утро Влатко Петров и Димитар Двојаковски, биле дел од групата составена од седум војници кои со транспортер се враќале од терен. Иако имало барикади кај Ваксинце, добиле наредба да продолжат. Влегувајќи во селото, во заседа од УЧК, биле нападнати од сите страни.

  • „Кога ја поминале првата барикада веднаш се нашле во заседа. Се нашле сардисани од сите страни, без можност за борба. Поразителен е фактот дека сите биле убиени . Познато за тој напад е што соодносот на војниците наспроти  терористите бил 1 спрема 10, односно биле нападнати од околу шеесетинарече Драгица Петрова, советник.

Димитар Двојаковски е роден на 22 април 1972 во Нова Горица, а Влатко Петров 23јули 1977, во штипското село Чардаклија. Семејството на Петров се подготвуваше за неговата свадба, а Двојаковски позади себе остави сопруга и едногодишен син. 

Реклама

Александра Ристевска