Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

Боки 13: Вилма Русковска ги знаеше пресудите за 27-ми април уште пред да ги објави Добрила Кацарска

Вилма Русковска знаела колку години ќе добијат осудените за 27-ми април, уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вилма Русковска знаела колку години ќе добијат осудените за 27-ми април, уште пред Добрила Кацарска да ја објави пресудата, тврди Бојан Јовановски, кој во минатото важеше за и повеќе од близок со поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Во гостување во интернет подкаст, прочита комуникација за која тврди дека ја имал со Русковска, на тема пресуди за овој случај.

-Она ги знаеше пресудите за 27-ми април порано од судот да ги изрече и да донесе пресуда, вели Боки 13, кој прочита разговор што тврди дека го водел со Русковска.

Јас: Утре ќе ја пренесуваме во живо пресудата за 27-ми април, цела. И пишувам на Вилма Русковска.

Реклама

Вилма: Ќе биде интересно, највисоки казни, после ќе давам изјава

Бојан: Значи, Кацарска ќе направи лом… Јас и викам значи Кацарска ќе направи лом.

Вилма вели: Лом лом, ќе видиш.

Бојан: Дај некоја екслклузива… јас и барам ексклузива за телевизијата.

Вилма: Она на тоа ми одговара, само една ослободителна, другите сите високи.  02:51:40

Јовановски тврди дека имал комуникација и со тогашниот заменик на Русковска, Наум Пановски, кој му кажал дека обвинението било напишано од друг, а сега осудените биле обвинети од ракав.

-Дека е неписмена, тие се неговите зборови, дека е неписмена, дека други и го правеле обвинението и дека од ракав ги обивинила луѓето кои што се сега обвинети, сега се уствари осудени, изјави Јовановски.

Вилма Русковска за Алфа демантира ваква комуникација со Јовановски, велејќи дека не ја знаела пресудата, а истата ја гледала онлајн, бидејќи била на патување во странство. 

-Јас кога беше пресудата бев во Берлин. Колеги што беа со мене и од Народна банка и од полиција можат да потврдат, дека тогаш прв пат ги слушнав пресудите. Така што сигурно порака не сум му пратила, затоа што и јас не ги знаев, вели Русковска за Алфа.

Инаку, во 2019-та 16 лица првостепено беа осудени на вкупно 211 години затвор, додека имаше само една ослободителна пресуда. Потоа, Апелација симболично ги намали казните кај секого по година или две или на вкупно 188 години. Голем број правници се уште тврдат дека пресудите за овој случај се и повеќе од драконски, бидејќи воопшто и нема основ за дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Матеја Петровски