Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Управен е на потег – Дали ќе се стопира селекцијата на кандидатите за судии и обвинители во изборен процес?

По последната одлука на Антикорупционерите дека Академијата „Павел Шатев“ ги крши законите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По последната одлука на Антикорупционерите дека Академијата „Павел Шатев“ ги крши законите затоа што тера селекција и тестирање на кандидатите за судии и обвинители среде избори, сега се е во рацете на Управен суд.  Доколку директорката на Академијата Наташа Габер по вторпат поднесе тужба до Управен како што најави вчера, судот ќе мора да донесе конечна одлука и согласно Законот за управни спорови нема да може да го врати предметот на повторно одлучување, појаснува поранешната судијка Вера Коцева. Согласно законските измени од 2019, Управен суд не може повеќе да одлучува до бескрај и да ги враќа предметите, па така за краток период, судот ќе мора да донесе конечна одлука, вели таа.

Во однос на тврдиот став на директорката Габер, а и на одлуката на Управниот суд, дел од правната фела критикува дека станува збор за очајнички обиди да се брани нешто што не може да се одбрани. Адвокатот Сашо Дуковски вели дека со вакви потези се креира лоша слика во јавноста за функционирањето на правосудството.

Примање на нова генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители наиде на критика од страна на новиот состав на антикорупциска и претседателката Татјана Димитрова кои одлучуваа по приговор на кандидатката за шеф на државата, Гордана Силјановска Давкова.

Реклама

Откако антикорупционерите пресекоа дека вработување на слушателите среде изборна кампања е незаконско, директорката Габер поднесе тужба до Управен суд. Откако судот пресече и предметот го врати на повторно одлучување кај антикорупционерите, тие донесеа идентична одлука дека процесот е незаконски.

Досега во Академијата поминаа голем број на новоизбрани судии и обвинители, од кои речиси над 80 % се сопруги, синови и ќерки на функционери, и на пензионирани или актуелни судии и обвинители.