Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Коментар: Ковачевски во стилот на Заев и во оваа кампања бара прошка од граѓаните за направените грешки

Иста реторика, само различен претседател на СДСМ. На раководството во социјал-демократскиот сојуз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • „Јас кажав дека, јас најдобор ги знам грешките и ја преземам одговорноста, но исто така, тука пред вас, завет давам, дека ден и ноќ ќе работам со мојот тим…“ – Порача вчера Ковачевски.

Иста реторика, само различен претседател на СДСМ. На раководството во социјал-демократскиот сојуз им стана пракса, на изборите да бараат прошка од граѓаните. Ковачевски, како и неговиот претходник, Заев, во изборната кампања им се извинуваше на граѓаните за грешките кои ги направиле.

Пред само 5 години, екс премиерот велеше дека ја сфатил пораката на незадоволство што граѓаните му ја испратиле за време на првиот круг од претседателските избори.

  • „Секако дека ќе има чистка и секако дека ќе расчистиме. Видовме дека некаде се нема доволно капацитетност, да се прими честа, дадена од нашиот народ и да му се служи на народот… Тоа јасно и гласно ни го кажаа граѓаните“ – Истакна Заев во мај 2019та.

Како тогаш, така и сега, покрај партиските лидери, на јавноста и се извинувше и дел од раководството на СДСМ.

Реклама
  • „…Не е страшно да погрешите, но е доблесно да се извините за грешката…“ – Напиша Стефан Богоев во колумна за Фокус.
  • „Благодарност до граѓаите за оваа опомена што ни ја пратија. После изборите ќе се утврдува индивидуално одговорноста во рамки на институциите што ги предводи.“ – Порача Петре Шилегов во 2019та.

Како неверен партнер, СДСМ и овој пат, од граѓаните бара не втора, туку трета шаанса за да се поправат.

Извинувањата на Заев следеа по преспанскиот договор и законот за употреба на албанскиот јазик, како и ред други скандалозни одлуки кои го одбележаа неговото владеење. Сега, кога најкрупна одлука на Ковачевски беше прифаќање на францускиот предлог, во кои се протнаа бугарските ултиматуми, останува граѓаните да пресудат, дали и по трет пат ќе ги прифатат апелите за прошка на социјал демократите.

Никола Цветкоски