Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Коце Трајановски за Алфа: Петре Шилегов од политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ не го прифати проектот за нова Универзална сала

Од готов проект за нова Универзална сала во 2017-та до руиниран и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од готов проект за нова Универзална сала во 2017-та до руиниран и пеплосан објект во 2024-та. Власта на СДСМ од некои свои причини не сакаше да го прифати веќе готовиот проект од претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје за Алфа вели дека на Петре Шилегов му оставил целосно подготвена документација за изградба на овој култен објект, но тој го одбил поради политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ.

Проектот од мандатот на Трајановски бил вреден 15 милиони евра со подземни паркинг места кои ги има секаде во Европа, додека оној на кој Шилегов работеше целиот мандат, барем декларативно беше проценет меѓу 13 и 14 милиони, но без подземните паркинг места.

Реклама

-Со доаѓањето на господинот Шилегов за градоначалник, меѓу првите пресови го направи токму пред Универзална сала. Во неговата изборна програма многу јасно стои, веднаш значи вендаш е почнеме со изградба на Универзалната сала, дали со нов проект или со стар. Меѓутоа, овој проект не го прифати, не го прифати мислам според мислење поради големата политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, вели Трајановски.

Покрај Шилегов овој проект не сакал да го реализира ниту поранешниот министер за култура. Иако, за речиси иста сума со онаа на Шилегов, биле предвидени подземни паркинг места, кои ги немаше во проектот на градоначалникот од СДСМ, Роберт Алоѓозовоски исто така останал слеп пред планот на Трајановски.

-Јас како градоначалник, му го однесов проектот, му реков господине министре, еве ви го проектот целосно готов, автентичен е. Еве го тој проект да го видите, значи овој проект ја задржа автентичноста на постојната Универзална сала, особено околу куполата. Исто така нови дополнителни имаше предвидено конгресни сали, мали, поголеми, сали за состаноци. Јас му реков исто така, вие ќе бидете забележани во историјата, дека вие сте ја направиле таа Универзална сала, не јас, не било кој, вие како министер, вие ќе ја сечете лентата,  а граѓаните ќе добијат вистински културен центар, вели Трајановски за Алфа.

А Петре Шилегов уште на стартот на својот мандат во 2017-та најави нова Универзална сала, но таа почна да се обновува дури за време на предизборната кампања за локалните во 2021-та.

-На овој чекор се одлучивме после широката поддршка која што јавноста ја даде да се сочува Униврзелната сала во постојната форма, на постојната локација, што пак не значи дека сме се откажале од идејата дека сме се откажале за нова концертна сала со придружни конгресни капацитети на друга соодветна локација, а согласно потребните стандарди за непречена организација на големи културни настани и друг вид на настани во нашиот град, изјави Шилегов.

По промената на локалната власт новата градоначалничка ја запре реконстуркцијата, две години потоа Министерството за култура ја презема активноста.

-И да почне веќе да гради, зошто ги имаме и парите, ги обезбедивме, ги завршивме и сите други потребни процедури и веќе е крајно време таму да започне работата. Меѓутоа, ни на крај памет ниту мене како министерка, а верувам дека ниту на граѓаните ќе им паднеше дека за еден ваков проект кој што навистина не треба да биде предмет на никакво препукување, најмалку на политичко ќе треба да молиме за целосна документација, кажа Бисера Костадиновска Стојчевска, министерката за култура.

Сето ова на крајот заврши со пепел. Инаку, од Обвинителството соопштија дека случајот со Универзална сала ќе биде целосно прегледан, за да се обезбедат сите докази кои се неопходни за утврдување на причине за настанување на попжарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај.

Матеја Петровски