Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Тошковски кажа дека постои видео материјал: Полицајци сведочеле дека Фуркан Салиу нападнал службено лице

Новинарот Фуркан Салиу нападнал полициаец во Горно Коњаре, сведочат полициските службеници кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новинарот Фуркан Салиу нападнал полициаец во Горно Коњаре, сведочат полициските службеници кои го обезбедувале натпреварот меѓу домашниот тим и гостите од Куманово. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека во службените белешки доставени од нив, пишува дека новинарот ги нападнал со удари во долните екстремитети. Очи во очи на Салиу му кажа и дека постои видео материјал каде сигурно се потврдува дека спречува службено лице во извршување на своите обврски.

-По мое убедување во најмала мера од страна на едно од приведените лица во текот на вчерашниот ден имаше спречување на вршење на службено лице во рамки на неговите службени должности, во најмала мера. Но, по службените белешки, за кој бев известен  дека се доставени во рамки на постапката, од страна на двете лица кои што се приведени има физички напад, изјави Тошковски.

Целиот случај ќе го разгледува и внатрешната контрола во МВР, потврдува министерот Панче Тошковски, но и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев.

Реклама

Тошковски вели дека за Салиу треба да има најмалку прекршочна пријава за пиштолот пронајден во неговиот автомобил. И покрај тоа што поседувал дозвола воопшто според закон нема право да го носи на јавно место, а најмалку да оди на настан како новинар. Тој можеби е единствениот новинар во Македонија кој на настани од вооружен.

Законот за оружје е кристално јасен.Во член 31 се вели дека на јавно место огнено оружје смеат да имаат само оние кои вршат работи за обезбедување на лица и имот на државни органи и правни лица, а не и секое физичко лице кое има дозвола за поседување оружје.

-Забрането е носење и употреба на оружје на јавно место, освен за работниците кои вршат работи на обезбедување на лица и имот во државните органи и правните лица, согласно со прописите за обезбедување на лица и имот. Под јавно место, во смисла на овој закон, се смета место на кое слободен пристап имаат неопределен број лица без какви и да било услови (улица, плоштади, патишта, излетнички места, пристаништа, аеродроми, железнички станици, автобуски станици, чекални, угостителски и трговски објекти и занаетчиски дуќани и слично), се вели во член 31 од Законот за оружје.

Салиу кој сега тврди дека не направил ништо во првичната реакција пред јавноста призна дека неговото однесување можеби довело до тоа ситуацијата да ексалира и тој да биде приведен. Се правда дека не ја нападнал полицијата, а за пиштолот тврди дека имал дозвола и го спореше претресот на неговото возило.

-Мојата кола е проверена, моја приватна кола, јас не сум бил присутен. Сега сум информиран дека мојот пиштол е најден во багажникот расклопен законски, така како што треба, пиштол за кој што поседувам дозвола, но информиран сум сега, нели тоа треба да биде во мое присуство. Јас знам дека тоа е направено во обид да се избришат снимките од телефонот на моите камермани од кои што побараав да снимаат, затоа што нели имаше насилство врз мене, изјави Салиу.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Фуркан Салиу не бил приведен затоа што е Албанец или Македонец, затоа што е православен или муслиман, затоа што е новинар или работник или бидејќи е припадник или не на одредена партија.

-Приведен е затоа што попречил и нападнал службени лица од Министерството за внатрешни работи и незаконски чувал огнено оружје во својот автомобил со наполнета рамка куршуми. Прашањето овој пат не е дали тој имал дозвола за огнено оружје, туку фактот што, според информациите од МВР,  незаконски го носел со наполнета рамка во своето возило, што е во целосна спротивност со законот, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што ниту МВР, ниту Салиу не најдоа политичка позадина во случајот, тоа не ги спречи медиумите блиски до власта и самата СДСМ да го злоупотребат овој случај во политички цели.

-Одговорност за овој чин мора да има, особено што според јавните искази како е спроведено апсењето, има основано сомнение за бројни прекршувања на законските процедури. Во време на СДСМ никогаш се нема случено да биде апсен новинар. Напротив, се врати слободата и демократијата и 7 години постојано се унапредува, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Случајот со Салиу без никаква причина решија да го политизираат речиси сите од власта. Реагираат Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, Стево Пендаровски и други. Сите со иста реторика дека приведувањето било поради политички причини, иако МВР преку соопштение јасно кажа зошто новинарот бил приведен.

Матеја Петровски