Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Лажејќи дека е вработен во АНБ рекетирал управител на фирма

Осомничен кој лажел дека е вработен во Агенцијата за национална безбедност заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осомничен кој лажел дека е вработен во Агенцијата за национална безбедност заврши во 30 дневен притвор откако се претставувал како посредник за долг и со уцени и закани успеал да рекетира 54 годишен управител на фирма. Тој му одзел одземе коли, станови и пари во кеш, во вредност од 180.000 евра. Обвинителството го сомничи за лажно претставување и измама.

Службеникот кој лажел дека е од АНБ за кого Обвинителството не открива ниту иницијали речиси три месеци му се заканувал на управителот за неговиот живот и животот на неговото семејство.

Според Обвинителство, осомничениот на овој начин во повеќе наврати од жртвата зел парични средства, три автомобили, два мобилни телфони, златни престени и друг накит.

Реклама

„Во период од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра“, велат од Jавно обвинителство.

Јавниот обвинител кој го води прдметот до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот во траење од 30 дена.

Обвинителство смета дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, да влијае врз сведоците, како и веројатност осомничениот да ги повтори делата. Судијата го прифатил предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.