Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Први впечатоци од кампањата: Над 60.000 граѓани на митингот на Силјановска Давкова, на Пендаровски не му дојде ниту Ковачевски

Над 60 илјади граѓани пред Владата ветер во грб за Гордана Силјановска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 60 илјади граѓани пред Владата ветер во грб за Гордана Силјановска Давкова за горда Македонија. Стево Пендаровски, далеку поскромно, на стартот на кампањата остана и без човекот на кој му бил поддршка во најтешките моменти кога беше прифатен францускиот предлог, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој наместо да го подджи во Прилеп, отиде на ифтар во Сарај.

Реки луѓе во Скопје кажаа дека бараат промени, бараат Македонија повторно да се издигне, да не се потчинува веќе пред соседите, да се врати нормалниот живот на граѓаните.

Мицкоски порача дека време е повторно сите во Македонија да бидат граѓани од прв ред, бидејќи во моментов тоа се само функционерите на СДСМ и ДУИ.

Реклама

-Со гордо крената глава ќе кажеме имаме држава и таа е нашата Македонија, таа е наша, таа е наша и се гордееме со нејзе. Има надеж, верувај во себе, силата е во секој од вас, во секој еден од нас, кажа Мицкоски.

Порачуваат дека за промени во државата е потребна смена на централната власт и на претседателот на државата.

-Бог ја благословил Македонија, благословена е да тргне во нови победи, да живее Македонија. Заради вашата гордост, заради гордоста на Македонија, Македонија повторно горда, изјави Силјановска Давкова

Од трката не се откажува и Пендаровски, тој без поддршка на највисокото раководство на СДСМ ја започна кампањата, во Прилеп го немаше Ковачевски, го немаше ниту Спасовски, Битиќи, Маричиќ, Филипче и други највисоки партиски функционери.

На митингот кој траеше само половина час, единствен се обрати Пендаровски, кој говороеше 12 минути, а пред и потоа беше испеана по една песна. Оттаму актуелниот претседател реши повторно да ја нападне опозицијата, но и да признае дека и актуелната власт не успеала во своите политики.

-Болката на сите ни е таа, децата и внуците ни одат надвор затоа што овде ја немаат вистинската шасна. Нема место каде што сум поминал, нема граѓанин а да не ме праша како тоа барем да го намалиме, иселувањето е глобален феномен го има во најбогатите држави, кажа Пендаровски.

Наместо да му биде поддршка на Пендаровски во Прилеп, Ковачевски беше во Сарај, каде се сликаше дека бил на ифтарска вечера.

-Ми беше чест што вечерва присуствував на Ифтарската вечера на која што домаќин беше општинската организација на СДСМ Сарај. Рамазан е месец на обнова на душата и телото, шанса да се согледа и прифати вредното. Ифтарските вечери се можност за охрабрување и негување на нашата заедница, повод за обединување, за зближување со семејството и со пријателите, напиша Ковачевски.

Разликата во поддршката може да се види и на социјалните мрежи. Христијан Мицкоски на објавата за големиот митинг има повеќе од 20 илјади лајкови, додека Ковачевски воопшто нема ниту објава за митингот, а на објавата за ифтарот во Сарај има помалку од 300 лајкови.

Поради рамазанските пости, албанскиот политички блок се уште не почнува со класични митинзи, кампањата ја започнуваат со трибини и панел дискусии, на една од нив Османи порача дека единствена шанса ни е да го менуваме Уставот.

-Ние немаме алтернатива освен уставни измени, веднаш по изборите, пред формирање на Влада, отворање на поглавја и затворање на поглавјата до 2028-ма година. Нас уште пола пат работа не очекува, изјави Османи.

Својата кампања ја стартуваа и другите кандидати. Таравари при промоцијата на своите планови, порача и дека по деветти мај Македонија ќе има нова Влада, а СДСМ и ДУИ ќе заминат во опозиција.

Билјана Ванковска поскромно од сала во Домот на културата во Струмица порача дека време било да се врати достоинството на нацијата. Максим Димитриевски пак од Крушево изјави дека е за продолжување на европскиот пат на државата со заштита на државните интереси. Стевчо Јакимовски во Тетово порача дека ако стане претседател нема да дозволи ниту еден македонски граѓанин да биде малтретиран од странска држава.

Кампањата за првиот круг трае до 22 април, а веќе вечерта на 24-ти ќе се знае кој двајца од седумтемина повторно ќе се соочат во втроиот круг на 8 мај.

Матеја Петровски