Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Устaвен се уште не постапил по иницијативата за хаосот со замената на личните документи

И по два месеци од поднесувањето, Уставниот суд не ја става на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И по два месеци од поднесувањето, Уставниот суд не ја става на дневен ред иницијативата наструшкиот адвокат Глигорие Ќатоски за заштита на човековите слободи и права, по хаосот со личните документи.Граѓаните до последен момент не беа информирани дека треба да ги менуваат,иако согласно обврските превземени со преспанскиот договор, ваквите документи почнувајќи од 12-ти февруари 2019-та година требало да се издаваат со новото име на државата. Станува збор за дискриминација и грубо прекршување на човековите права,вели Ќатоски кој сеуште чека објективна и транспарентна постапка од Уставен.

 Пресудите и одлуките треба да ги носат во името на граѓаните на оваа држава, без оглед на политичките влијанија, без оглед на тешкотиите со кои што неспорно се соочуваат судиите. Јас имав пред подолго време купено билет за патување во Германија, за жал поради стариот образец на пасош кој што го поседувам не ми беше дозволен излез од државата”-вели Ќатоски

Ова претставува голем проблем за иселениците кои мора да се вратат во матичната земја за да ги сменат личните документи.

Реклама

-“Во Италија не можат да ги прават тие документи и се под притисок да доаѓаат во Македонија и мора да доаѓаат да напуштат работа што не е во ред бидејќи секој еден има фамилија,треба да ја храни, да живее.А вака треба да потроши 500 до 1.000 евра “-вели анкетиран иселеник

Доколку Уставен утврди дека станува збор за дискриминација, граѓаните пред судовите во државата,ќе може да поднесат соодветна постапка за надомест на штета за повреда на нивното лично достоинство како и во однос на трошоците кои што морале да ги сносат за вадење на нови документи како и за пропаднатите патувања, авиобилети и сместувања,појаснува Ќатоски.

Ваквото однесување на државните органи е недозволиво и крајно разочарувачко и кон младите кои што решиле  да ја градат својата иднина во државата,вели овој надежен струшки адвокат.

Новинар Росица Голабоска