Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Прилози

Арачиново под полициска опсада: Среде бел ден пукано кон градоначалникот Ридван Ибраими

Среде бел ден со автоматско оружје пукано кон градоначалникот на Арачиново Ридван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Среде бел ден со автоматско оружје пукано кон градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими, куршумите кои неофицијално биле наменети за него завршија кај член на неговото обезбедување и неговиот шофер. Арачиново цело под полициска опсада, откако кон Ибраими било пукано од автомобил во движење.

-Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на село Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица.

Реклама

Престрелката се случила при теренски работни активности на Ибраими.

Увид во градежни активности на тротоар тука денеска заврши со престрелка во скопската општина Арачиново, во која што цел бил градоначалникот на оваа општина. Според нашите информации тој минал без повреди.

Со сериозни повреди се здобил членот на неговото обезбедување, кој итно бил пренесен на Ургентен и веднаш на однесен на итна хирушка интервенција, потврдува директоро на Торакална хирургија Неџати Јакупи.

-Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст. Раните се за итна операција, вели Јакупи.

Со полесни повреди минал неговиот возач, кој бил пресен на Клиниката „Свети Наум Охридски“. Директорот Љубен Арсенков вели дека пациентот бил донесен некаде околу 14 часот и е во стабила состојба.

-Се работи за 39-годишен пациент со прострелна рана во десното рамо, куршумот кој е изваден е во близина на клучната коска, но тој е свесен, се наоѓа во стабилна состојба, која не е животно загрозувачка, вели Арсенков.

Ибраими во 2022 година пријави дека физички бил нападнат од неколку лица. Тогаш полицијата приведе тројца во врска со неговата пријава и од МВР рекоа дека против нив ќе биде поднесена кривична пријава насилство.

Инаку јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје неодамна поведе постапка против двајца браќа за загрозување на сигурноста на Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Матеја Петровски