Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Давкова убедливо пред Пендаровски, Османи тесно пред Таравари

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Силјановска-Давкова, кандидатката за претседателка на државата на ВМРО-ДПМНЕ е во убедлива предност пред кандидатот на СДСМ и актуелен претседател на државата Стево Пендаровски. Граѓаните очигледно не се задоволни од работата на досегашниот претседател и на скала од 1 до 10 му дадоа оценка 4,02. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 15 до 24 март, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

За тоа колку е важна функцијата претседател на државата во Македониија, 59,4 од анкетираните граѓани одговориле дека е многу важна, а за 8,5 отсо од нив таа функција е неважна.

Оценката за работата на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски на скала од 1 до 10 е 4,02. Оваа оценка за работата на Владата е 3,03. Назадоволството од работата на Пендаровски се гледа и во одговорот на прашањето дали тој заслужува втор мандат – 63,3 отсто од граѓаните велат „не“, а со „да“ одговориле 22,3%.

Реклама

Очигледен е интересот на граѓаните за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. За разлика од парламентарните, каде подготвност за излез на избори искажале 66,6% од граѓаните, на изборите за шеф на државата би излегле дури 72,1 отсто од граѓаните.

Предноста на Силјановска-Давкова пред Пендаровски е речиси 2:1. Интересен е дуелот меѓу кандидатите во албанскиот блок, Бујар Османи и Арбен Таравари. За Османи како кандидат на коалицијата на ДУИ би гласале 7,9 отсто од граѓаните, а за Таравари како кандидат на албанската опозиција би гласале 5,8%.

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски е високо позициониран со 6,9 отсто од анкетираните граѓани, што значи трето место меѓу кандидатите Македонци. Во слободниот одговор на анкетата за тоа во кој политичар верувате, Димитриевски е дури и пред Пендаровски.

Анкетата покажува голема убеденост на граѓаните дека на претседателските избори ќе победи Гордамна Силјановска-Давкова.

И на прашањето ако во втор круг се пласираат Силјановска-Давкова и Пендаровски, граѓаните предност даваат на победата на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март 2024 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање, на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.