Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Ковачевски на средба во Стопанската комора

Уште не презентирана програмата, СДСМ ја бара довербата од бизнисот. Веројатно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште не презентирана програмата, СДСМ ја бара довербата од бизнисот. Веројатно да не заостане од останатите  партии, Ковачевски се појави на состанок во Стопанската комора за да каже што ќе направи ако повторно седне на премиерското столче. Ветува капитални инвестиции во износ од 3 милијарди евра, просечна плата од 1000 евра и пари за директна помош. Иако во мандатот што им измина имаа разединети ставови за повеќе прашања со бизнисот, како за солидарниот данок кој заврши на Уставен суд, сепак првиот човек на СДСМ вели дијалогот бил на високо ниво

Во последните денови од мандатот на СДСМ и ДУИ беше изгласан законот за нефер трговски практики кој доаѓа после низа одмрзни – замрзни мерки. Самиот закон вклучува листа од 2500 производи што повторно е причина за разединување на ставовите меѓу Владата и бизнисот. Првиот човек на комората, смета дека не треба да постои листа  туку треба да се бараат пазарни мерки

– Инаку нашиот став е дека треба да се наоѓаат други мерки, пазарни, затоа што кога ќе дојде до други мерки прашање е како тоа ќе се имплементира. Ние ќе учествуваме и во едните и во другите нема да бојкотираме никакви мерки. Но, најдобро е да има други мерки коишто се пазарни, коишто преку стоковите резерви и преку други механизми ќе го порамнат пазарот затоа што ние живееме во пазарна економија и се движиме кон евро-атланските интеграции, /  Да нема листа на производи, рече Азески.

Реклама

Инаку, изминатата недела пред бизнисот ги и ВМРО – ДПМНЕ ги презентираше конкретните чекори што ги би ги презеле во економијата согласно нивната програма  Платформа 1198, за што од комората кажаа дека во најдобар дел мерките ги решаваат проблемите,  а со своја програма дојдоја и од ДУИ.

Азески на средбите побара економијата да биде во фокус следните 10 години ,  рационално трошење на буџетските средства, дговорност и транспарентност во трошењата на средствата за јавни набавки и директна поддршка на извозните активности.